Хедонистичко патување со @cuklev: Уникатно искуство и ароматни јадења во „Ранчо и Ванчо на Ката“
Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Хедонистичко патување со @cuklev: Уникатно искуство и ароматни јадења во „Ранчо и Ванчо на Ката“

Хедонистичко патување со @cuklev: Уникатно искуство и ароматни јадења во „Ранчо и Ванчо на Ката“

Автентичност. Хедонистичко патешествие надвор од урбаните џунгли. Душевен одмор стимулиран од допирот со природата и презаситени сетила за мирис и вкус благодарение на традиционални специјалитети. Сето ова се поистоветува со „Ранчо и Ванчо на Ката“, реставрирана куќа која се претвори во оаза на селскиот туризам кај нас.

Сместена во селото Оморани, кое брои само десетици жители, гостинската куќа на одреден начин нуди поглед во животот во минатото и посетителите си заминуваат со желба да го репризираат доживувањето.

Уникатниот престој во гостинската куќа стара 90 години, која е обновена во автентичен македонски стил, гостопримливоста на сопственичката Катарина Георгиевска, дегустацијата на домашно приготвени јадења и идиличната околна природа збогатена со жуборењето на реката Бабуна се главните елементи кои привлекуваат сè повеќе странски и домашни туристи.

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Даниел Цуклев, талентираниот љубител на фотографијата и готвењето којшто ни го буди гладот со примамливите фотографии на неговиот профил @cuklev, го посети „Ранчо и Ванчо на Ката“ и ни го пренесува неговото искуство надополнето со ароматни јадења.

Во посета на „Ранчо и Ванчо на Ката“, место кое се наоѓа во село Оморани на 30 км од град Велес. Заедно со Подравка како спонзор на оваа патување имав прилика да го посетам ова село и секако да ја вкусам храната приготвена од Ката на самиот ранч.

Местото е идеално за бегство од секојдневието, вистинска природа, рурален туризам и вкусна традиционална приготвена храна. Јадевме Ајмокац каша наследена од турско време, полнети пиперки, зимска салата од урда и ситно сецкан праз, и секако на крај десерт - колач Куглов со суво грозје. Пиевме домашно вино, ликер со ѓумбир, во прилог погледнете низ фотографии како поминавме тој ден.

Цуклев

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Ви побудивме желба да ги тестирате вашите кулинарски вештини? Еве ги и рецептите за традиционалните јадења:

Пилешка каша „Ајмокац“

Традиционалната каша „Ајмокац“ е всушност наследство од турско време, кога живеењето било многу посиромашно во селата, па жените морале да смислуваат вкусни јадења од „ништо“.

Денес е ова посовремена верзија, збогатена со дополнителни продукти и зачини за добар вкус.

Традиционални македонски јадења

За едно големо тенџере каша:

Едно пакетче свежи пилешки мали копанчиња (може и 1-2 копанчиња, колку за вкус да има 😀, се варат околу 1 час во 2 литри вода со 15-тина зрна црн бибер Вегета Маестро, 4 ловорови ливчиња и сол. Потоа се вадат копанчињата да се разладат, се чистат од коските и ‘рскавиците и месото се сецка на помали парченца. Во друго поголемо тенџере се става 50мл масло и по 1 полна супена лажица брашно, се меша само малку да пропржи брашното, се трга од оган и постепено со силно мешање се додава вода од вареното месо, сè додека убаво не се разреди брашното.

Се враќа на оган, се продолжува со мешање и се додава околу 300мл млеко (вкупно за 4 лица). Во филџан се раствораат 2 лажички црвена пиперка Вегета Маестро и 1 лажичка димена црвена пиперка Вегета Маестро, со топлата вода од вареното месо. Се додава во кашата. Густината на кашата е по желба, може да е поретка (се додава повеќе вода) и да послужи како чорба/предјадење, а може да е погуста (помалку вода а повеќе брашно) и тогаш може да послужи и како главно јадење (манџа). Се додаваат сецканото месо, мелен бибер Вегета Маестро, 1 супена лажица слатка црвена пиперка Вегета Маестро, 2 чешниња сецкан лук и малку сецкан магдонос. Да повари уште 2-3 минути и јадењето е готово.

Традиционални македонски јадења

Полнети пиперки

Традиционални македонски јадења

За 4-6 полнети пиперки (во зависност од големината), за 4 лица потребно е:

Во поголема тава се запржува 3 минути една поголема главица ситно исецкан кромид и се додаваат 2 супени лажици ориз. По 5 минути пржење, се додава 400 грама мелено месо и зачините: сол, мелен бибер Вегета Маестро, слатка црвена и димена пиперка Вегета Маестро. Убаво се меша да се пропржи месото. Потоа се трга од огнот.

Пиперките, исчистени од семето, се полнат со смесата од мелено месо и ориз. Се затвораат со тенко кругче од компир и се редат во тава за печење. Со она малку што ќе остане од смесата во тавчето, се прави следно: се додава масло во тавчето и се загрева,а потоа се додава 1 лажица брашно, околу 200 мл доматна салца (густо рендан домат) и сол по потреба. Се замешува убаво во тавата, да проврие и се прелева овој сафт врз полнетите пиперки. Ако е густо, може да се додаде пак вода во празната тава, да се загрее и да се прелие одозгора врз пиперките. Се покрива со капак и се пече на 180°С околу 1,5-2 часа, а потоа уште 30-45 минути без капак, за пиперките да бидат убаво потпечени, а сафтот згуснат.

Видео од подготовката на полнети пиперки

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Зимска салата за мезе

Мешаме убаво урда, ситно сецкан праз, сол по потреба, слатка црвена и димена пиперка Вегета Маестро, мелен бибер Вегета Маестро и маслиново масло, за да не е суво. Се послужува потурено со капки маслиново масло, магдонос и маслинки.

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 74%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 5921 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.