Шпагети карбонара
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Шпагети карбонара

Шпагети карбонара

Состојки

Шпагети карбонара
300gсланина, исечкана
1пакетче шпагети
200mlслатка павлака
3јајца
150gпармезан
1супена лажичка магдонос
150gпармезан
исечкан лук (по вкус)
црн пипер
масло
сол

Подготовка

  1. Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
  2. Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
  3. Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
  4. Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
  5. Зачинете со магдонос и црн пипер.
  6. Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
  7. Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.

!

Совети:

Многу често рецептите за сос карбонара не содржат слатка павлака. Ако не сте љубители на павлака, слободно можете да ја исклучите од рецептата.

Наместо магдонос, можете да користите босилек.

Време за подготовка: 45 минути

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6152 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.