Шпагети болоњезе
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Шпагети болоњезе

Шпагети болоњезе

Состојки

Шпагети со сос болоњезеШпагети болоњезе
450gшпагети (1 пакетче)
450gтелешко мелено месо
400mlдоматно пире
1глава кромид
1морков
3чешниња лук
80mlмасло
1чајна лажичка оригано
1супена лажичка магдонос
150gпармезан
црн пипер
вегета
сол

Подготовка

  1. Ставете на оган тавче со 50ml масло. Откако ќе се загрее маслото, додајте ги во него морковот и кромидот, ситно исечкани.
  2. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето ставете го и меленото месо и пржете ги состојките 5-6 минути.
  3. Потоа во тавчето додајте го доматното пире и лукот. Пржете додека не ја постигнете саканата густина.
  4. Кон крајот на готвењето зачинете го сосот со оригано, црн пипер, вегета и магдонос.
  5. Во тенџере со вода ставете ги шпагетите да се варат. Во водата додајте го остатокот од маслото (30ml) и малку сол.
  6. Кога ќе бидат готови шпагетите, можете или да ги измешате со сосот или да ги ставите шпагетите во чинии и врз нив да ставите од сосот.
  7. Поросете со пармезан и украсете со гранче босилек или магдонос.

Време за подготовка: 45 минути

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4115 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?