Торта Lino Lada Gold која ќе ги импресионира сите кои ги познавате
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Торта Lino Lada Gold која ќе ги импресионира сите кои ги познавате

Торта Lino Lada Gold која ќе ги импресионира сите кои ги познавате

Волшебна комбинација на ароми, декадентен микс на вкусови и интригантен спој на текстури. Фантастичната торта Lino Lada Gold е незаменливо слатко искушение кое ќе го паметите долго време и ќе го посакувате со сласт.

Со оглед на тоа што ветува дека ќе биде беспрекорна причина за „wow“ ококорени очи, навистина вреди да издвоите време за да ја склопите.

Lino Lada Gold торта

Состојки

100 грLino Lada Gold

За пандишпан

300 гркрупно мелени лешници
300 гршеќер во прав
10белки од јајца

За централна кора

5белки
200 гршеќер
3 лажицибрашно
90 гркрупно мелени лешници

За темен крем

½ лмлеко
60 гршеќер во прав
50 грпудинг од чоколадо Dolcela
125 грLino Lada Gold
125 грпутер
50 гризматена слатка павлака

За бел крем

½ лмлеко
60 гршеќер во прав
40 грпудинг од ванила Dolcela
50 гркокос
125 грLino Lada Milk
125 грпутер
Lino Lada Gold торта

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 160°C.
  2. Пандишпан: Измиксирајте ги белките со половина од шеќерот. Потоа додајте го останатиот дел од шеќерот во кој се измешани и лешниците. Поделете ја смесата на два дела и печете 35 минути во кружни калапи со големина 26 на 160°C.
  3. Централна кора: Измиксирајте ги белките со половина од шеќерот. Потоа додајте го останатиот дел од шеќерот со лешниците и брашното. Печете ја смесата 45 минути во ист калап на 160°C.
  4. Темен крем: Тргнете настрана 6 лажици од млекото и во него измешајте ги шеќерот и пудингот. Другото млеко ставете го на оган. Штом ќе започне да врие, во него ставете ја смесата со пудингот. Оставете го пудингот да се олади. Во длабок сад разбијте го со миксер путерот со Lino Lada Gold. Додајте го изладениот пудинг и на крајот измешајте ја и слатката павлака.
  5. Бел крем: Тргнете настрана 6 лажици од млекото и во него измешајте ги шеќерот, пудингот и кокосот. Другото млеко ставете го на оган. Штом ќе започне да врие, во него ставете ја смесата со пудингот. Оставете го пудингот да се олади. Во друг сад разбијте го путерот со Lino Lada Milk и потоа соединете го со пудингот.
  6. Првиот пандишпан премачкајте го со околу 3 лажици бела крем, а потоа и со темна. Поставете ја централната кора и премачкајте ја со 100 грама Lino Lada Gold, потоа со бела и со темна крем. Ставете го вториот пандишпан и завршете со слоеви од бела, па темна крем.
  7. Декорирајте по желба. Ние избравме чоколаден финиш со елегантни златни елементи и искршени печени лешници.
Lino Lada Gold торта

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 6021 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“