Тирамису

Тирамису

Тирамису

Состојки

400gсирење маскарпоне
пишкоти
4јајца
100gшеќер во прав
250mlсилно кафе еспресо
2 с.л.коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л.какао

Подготовка

  1. Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот.
  2. Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата.
  3. Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне.
  4. Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат.
  5. Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата.
  6. Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав.
  7. Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.

Време за подготовка: 1 час

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9698 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.