• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Популарни јадења

Супер лесно мезе: Брзи мини топчиња кои сите ќе ги обожаваат

24 октомври 2018, 19:30
  • cподели

Три главни состојки и многу, многу ароматни варијации... овие мали колоритни топчиња ќе ја разубават вашата трпеза, ќе ги задржат погледите на сите околу неа, а вас нема ниту да ве истоштат, ниту да ве истрошат.

Се приготвуваат ултра брзо, а можете да ги обложите со најразлични зачини, сушенo овошјe, јаткасти плодови или мешавини за да добиете колорит, разновидност и да го задоволите сечиј вкус.

Мини топчиња Мини топчиња

Состојки

300 грфета сирење
300 гррендан кашкавал
2 големи лажициБитолска павлака
магдонос
црвен пипер
афион
сушена брусница
ореви
Мини топчиња

Подготовка

  1. Во длабок сад измешајте ги сирењето, кашкавалот и павлаката.
  2. Откако ќе добиете хомогена смеса, со помош на мала лажица издвојувајте од неа и со дланките оформувајте мали топчиња. Мини топчињата редете ги во тава или рамен сад. (Од посочените состојки излегуваат околу 30 топчиња.)
  3. Тавата ставете ја во фрижидер барем половина час за топчињата минимално да се стврднат и да ви биде полесно да ги обложувате.
  4. Секое од топчињата протркалајте го во избраната состојка. Освен сецкан магдонос, црвен пипер, афион, сечкана сушена брусница и издробени ореви (што беше наш избор), можете да експериментирате и со сецкан млад кромид, печен сончоглед, семки од тиква, издробен чипс, иситнети бадеми, пржени парчиња сланина и сл. Опциите се неброени.
  5. Сервирајте со крекери или мали потпечени парчиња леб.
Мини топчиња Мини топчиња Мини топчиња

Со овој рецепт Фемина учествува во предизвикот „Медиумите готват“ на Бимилк. Битолската павлака е „омилена со секој оброк“, нели?

Tags
рецепти
мезе

Најнови

  • Шминкер од Белград создава неверојатни мејкап трансформации, докажувајќи дека убавината не познава возраст

    Fri, 01/02/2026 - 22:25
  • Предлог за брак на Пелистер

    Романтично запросување на -28°C: Планинар ја побара саканата за жена на Пелистер на првото изгрејсонце во 2026

    Fri, 01/02/2026 - 11:32
  • Каролина Гочева на Нова година

    Ултра модерна и на минусни температури: Каролина Гочева на Нова година во шик палто од македонски дизајнер

    Fri, 01/02/2026 - 09:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.