Почетна » Рецепти » Популарни јадења » „Слатка си кога се лутиш“: Шеф Марк со неодоливи специјалитети ја освои подналутената сопруга

„Слатка си кога се лутиш“: Шеф Марк со неодоливи специјалитети ја освои подналутената сопруга

Кога сите љубовни препирки би завршувале така неодоливо како во семејството Де Јонг, светот би бил многу, многу поромантичен. Шеф Марк ни откри како ја освои одново подналутената сопруга со импресивно кулинарско изненадување.

Откако направи мал пропуст пред нивно патување, талентираниот шеф ѝ се извини на саканата Василка преку богатство од вкусови. Имено, популарниот готвач со многу љубов и посветеност ѝ приготви три специјалитети и ѝ измами насмевки, благодарности и прошка.

За специјалната вечера по напорниот ден и кратката „кавга“, шеф Марк раскажа:

Со мојата сопруга многу сакаме да патуваме, а кога одиме на подалечни дестинации, подготовките си ги разделуваме според слободното време. Пред нашето најново патување, таа беше преокупирана со работни обврски, па јас бев задолжен за финалните подготовки, меѓу кои и да го земам патничкото осигурување од туристичката агенција.

Токму кога си мислев дека завршив сè и се вратив дома, во телефонски разговор со сопругата увидов дека сум го изумил осигурувањето. Молкум го завршивме разговорот, што беше знак дека ми се подналути.

Таа е многу слатка кога ќе се подналути, очите ѝ светнуваат, но многу сум среќен кога задоволно ќе блесне со убава насмевка. Па така, добив идеја да одам да го земам осигурувањето и да подготвам вкусно мени за да ја изненадам кога ќе се врати уморна. Впрочем, сакав да имаме релаксирана вечера по напорниот период и со убава мисла да тргнеме на планираниот одмор.

Шеф Марк

Како што и самите ќе се уверите, изненадувањето се покажа како полн погодок. Во продолжение следуваат рецептите од менито „Слатка си кога се лутиш“ со кое Марк ја одушеви неговата избраничка, а ќе ве одушеви и вас.

Полнетo срцe од димен лосос

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Состојки за 2 лица

100 гр димен лосос
100 гр крем сирење
10 цл јогурт
половина авокадо
слатка пиперка Вегета Маестро
медитерански зачин Вегета Маестро
црн бибер Вегета Маестро
свежи тревки: власец, копар
маслиново масло

Подготовка

1

Листовите од димен лосос ги обликуваме според калапот и ги полниме со претходно направен фил од: авокадо сечкано на ситни коцки, крем сирење, власец, црн бибер, медитерански зачини Вегета Маестро и маслиново масло.

2

Во одделен сад мешаме јогурт, слатка пиперка, бибер и маслиново масло за да добиеме сос.

3

Оформените срца од калапот ги префрлуваме на чинија и ги прелеваме со сосот. Послужуваме со гарнир од тенко сечен леб, парче авокадо и чери домати.

Див лаврак мариниран со слатка димена пиперка, ролован во тиквица

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Состојки за 2 лица

филе од див лаврак
тиквица
100 гр спанаќ
чери домат
власец
1 коцка бујон од зеленчук
20 цл крем павлака за готвење
маслиново масло
сол
црн бибер Вегета Маестро
зачин за риба Вегета Натур
слатка димена пиперка Вегета Маестро
чили со сол Вегета Маестро

Подготовка

1

Лавракот го филетираме, а од едно филе сечеме 2 парчиња.

2

Подготвуваме маринада од 1 кафена лажица слатка димена пиперка, зачин за риба, црн бибер, чили со сол и маслиново масло. Убаво ги мешаме состојките и во оваа маринада ги потопуваме парчињата риба 30 минути.

3

Тиквицата ја сечеме на тенки ленти кои ги редиме на фолија. Врз така наредените ленти од тиквица го ставаме парчето маринирана риба и виткаме како ролат. Вака ролованата риба, внимателно ја ставаме на плех, а притоа фолијата ја вадиме внимателно. Ставаме да се пече 10-12 минути во претходно загреана рерна на 180ᵒС.

4

Во загреана тава, го ставаме спанаќот со малку масло и сол и динстаме. Во меѓувреме, ја проверуваме рибата која е во рерна и на плехот со риба додаваме и чери домати.

5

Подготвуваме прелив за рибата. Во претходно подготвен бујон од зеленчук (топла вода и коцка бујон од зеленчук), додаваме сечкан власец, мелен црн бибер, медитерански зачини и крем павлака за готвење. Мешаме на тивок оган за да го редуцираме сосот.

6

Сервираме во чинии така што на подлога од претходно исцедениот спанаќ ја ставаме рибата со чери домат и прелеваме со подготвениот прелив. Декорираме со малку димена пиперка и свеж власец.

Профитероли со крем од маскарпоне и јагоди и прелив од слатко-лут карамел

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Состојки за 2 лица

6 профитероли
300 гр замрзнати јагоди
50 гр шеќер
200 гр маскарпоне
25 гр путер
свеж коријандер
слатка пиперка Вегета Маестро
лута пиперка Вегета Маестро
шарен бибер Вегета Маестро

Подготовка

1

Во сад за блендирање ги ставаме јагодите (однапред одмрзнати и исцедени) со 1/3 од шеќерот. Додаваме мелен црн пипер, свеж коријандер и блендираме.

2

Во сад за мешање ставаме маскарпоне и додаваме еден дел од смесата со претходно блендирани јагоди и малку шеќер по вкус. Убаво размешуваме да добиеме хомогена смеса.

3

Подготвуваме карамел така што во тава го ставаме остатокот од шеќерот, путер, кафена лажица лута пиперка и една кафена лажица слатка пиперка. Добро мешаме. Кога смесата ќе се згусти, додаваме малку вода и продолжуваме да мешаме да добиеме убаво кремаст карамел.

4

На крајот, сервираме. Профитеролите (по 3 за секоја чинија) ги сечеме на половина и ги редиме во чинијата. Ги полниме со кремот од маскарпоне и јагоди, од околу преливаме со преливот од блендираните јагоди, а во средината додаваме едно топче ванила сладолед. Ги покриваме со вториот дел од профитеролите, а одозгора ги преливаме со подготвениот карамел. Украсуваме со дробени бисквити и еден лист коријандер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 13335 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.