Пудинг коцки со кокос – неодоливо слатко искушение
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Пудинг коцки со кокос – неодоливо слатко искушение

Пудинг коцки со кокос – неодоливо слатко искушение

Кога сакате да се разгалите со слатка фантазија, ви препорачуваме коцки со кокосова основа со разиграна текстура, кремаст слој од чоколаден пудинг и исклучително фина прекривка од шлаг.

Овој десерт е примамлив доказ дека чоколадото и кокосот се хармонична комбинација за бескомпромисно уживање.

Пудинг коцки со кокос

Состојки за кокосовата кора

300 гр кокос Витаминка
10 белки од јајца
4 лажици брашно
10 лажици шеќер
½ прашок за пециво Витаминка

Подготовка на кокосовата кора

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Ставете ги белките во длабок сад и убаво изматете ги со миксер. Постепено додавајте 10 лажици шеќер додека непрекинато матите.
  3. Во друг сад, измешајте ги брашното, кокосот и пецивото, а потоа додајте ги во смесата со белките и изматете.
  4. Печете ја смесата во плех околу 15 минути на 180°C.
Пудинг коцки со кокос

Состојки за чоколадниот фил

2 пудинзи од чоколадо Витаминка
13 лажици шеќер
10 лажици нишесте
1 литар и 400 мл млеко
1 коцка маргарин (250 гр)
500 мл слатка павлака за готвење

Подготовка на чоколадниот фил

  1. Во 200 мл ладно млеко ставете ги пудинзите, 6 лажици шеќер и 10 лажици нишесте. Добро промешајте.
  2. Остатокот од млекото ставете го на оган. Откако ќе зоврие, додајте ги останатите 7 лажици шеќер и коцката маргарин. Мешајте додека се растопи. Тргнете го на страна, а потоа додајте ја смесата со пудинзите. Мешајќи вратете го тенџерето на оган околу десетина секунди, а потоа тргнете го и оставете го да се олади. Повремено мешајте за да избегнете создавање на грутчиња.
  3. Во длабок сад изматете ја слатката павлака со миксер.
  4. За да го составите десертот, врз потпечената кора од кокос, прво нанесете го пудингот, а потоа изматената павлака.
  5. Исечете на коцки и декорирајте со рендано или исецкано чоколадо.
Пудинг коцки со кокос Пудинг коцки со кокос

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3428 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.