Пржен сладолед
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Пржен сладолед

Пржен сладолед

Пржен сладолед

Состојки

8 топкисладолед (со вкус по избор)
3 чашииздробен корнфлекс
1 ч.л.цимет
1 ч.л.шеќер
3белки од јајце
масло

Подготовка

  1. Наредете ги топките сладолед во чинија и ставете ги во фрижидер 1 час, за да се стврднат.
  2. Во длабок сад измешајте ги корнфлексите, шеќерот и циметот.
  3. Во друг сад изматете ги белките од јајце.
  4. Извадете ги топките сладолед и истркалајте го во садот со корнфлекси, така што да има корнфлекс од сите страни. Ставете ги топките повторно во фрижидер околу 30 минути.
  5. Извадете ги и макнете ги во белката од јајце и повторно истркалајте ги во корнфлексот. Ставете ги уште еднаш во фрижидер. Овој пат оставете ги 1-2 часа.
  6. Во тенџере ставете доволно масло, за да можат да се потопат топките сладолед. Загрејте го на висока температура.
  7. Извадете го сладоледот од фрижидер. Најдобро е да пржите по една топка. Ставете ја топката сладолед во жешкото масло и пржете 10-15 секунди. Вртете ја за да се испржи од сите страни.
  8. Врз секоја топка може да ставите шлаг пена, парче плод или да ја прелиете со чоколаден прелив или мед.
  9. Послужете го сладоледот топол.

!

Совети:

Ако во почетокот не успеете да направите идеални топки, не се разочарувајте. Откако ќе се стврдне сладоледот, ќе можете полесно да гo обликувате, дури и со раце.

Не го пржете сладоледот подолго од 15 секунди, затоа што може да пукне обвивката и сладоледот да истече во маслото.

Време за подготовка: 45 минути

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3977 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?