Празнична „битка“ на блогерите Дејв и Теа: Примамливи десерти со пудинзи Dolcela
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Празнична „битка“ на блогерите Дејв и Теа: Примамливи десерти со пудинзи Dolcela

Празнична „битка“ на блогерите Дејв и Теа: Примамливи десерти со пудинзи Dolcela

Еуфоријата се чувствува, празничната сезона започнува, а ниту една домашна забава не завршува без десерт кој глатко изнудува гласно Ммммм.

Токму затоа ги поканивме Дејв од „Dave’s Kitchen“ и Теа од „Готвиме со Теа“ да подготват слатки задоволства со пудинзите Dolcela за нашата нова кулинарска битка.

Кој десерт ви се допаѓа повеќе?

Десерти

Dave’s Kitchen: Новогодишни чоколаден и ванила тарт

Десерт

Состојки за чоколаден тарт

За кората

200 грама мелени бисквити
2 лажици шеќер
2 лажици Dolcela какао во прав
130 грама растопен путер

За филот

1 пакетче чоколаден пудинг Dolcela
300 милилитри млеко
3 лажици шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица путер
4 лажици Lino Lada Gold чоколаден крем со парчиња лешник

За чоколадната глазура

150 грама темно чоколадо за готвење Dolcela
3 лажици путер

За декорација

божиќни колачиња
ѕвезден анаснон
стапчиња цимет
црвен прехранбен прав

Подготовка на чоколаден тарт

  1. Најпрво подгответе ја кората за тартот. Во длабок сад промешајте ги бисквитите, шеќерот, какаото и растопениот путер. Оформете ја кората во тавче за тарт кое има дно кое се отстранува. Оставете во ладилник додека не го подготвите филот.
  2. За да го подготвите филот, во тенџере на оган ставете го млекото промешано со чоколадниот пудинг, шеќерот и екстрактот од ванила. Постојано промешувајте со помош на жица за матење додека не добиете густ сварен пудинг. Тргнете настрана, додајте го путерот и постојано промешувајте додека комплетно не се растопи. Покријте со хартија за свежа храна, така што ќе го допрете дното за да спречите формирање на кора на пудингот додека се лади.
  3. Изматете го изладениот пудинг со помош на миксер и додајте го чоколадниот крем со парчиња лешници. Нанесете го филот во изладената кора и измазнете со помош на шпатула.
  4. Во сад на пареа, растопете го чоколадото заедно со путерот. Нанесете ја чоколадната глазура врз изладениот фил и измазнете со помош на шпатула. Оставете во ладилник да се стегне минимум 2-3 часа.
  5. Пред сервирање декорирајте со божиќни колачиња, ѕвезден анасон, стапчиња цимет и црвен прехрамбен прав.
Десерт Десерт

Состојки за ванила тарт

За кората

200 грама мелени бисквити
2 лажици шеќер
130 грама растопен путер

За филот

1 пакетче ванила пудинг Dolcela
300 милилитри млеко
3 лажици шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица путер
4 лажици Lino Lada кокос крем
Десерт

Подготовка на ванила тарт

  1. За да ја приготвите кората за тартот, во длабок сад промешајте ги бисквитите, шеќерот и растопениот путер. Оформете ја кората во мини индивидуални тавчиња за тарт. Оставете во ладилник додека не го подготвите филот.
  2. За филот, во тенџере на оган ставете го млекото промешано со ванила пудингот, шеќерот и екстрактот од ванила. Постојано промешувајте со помош на жица за матење додека не добиете густ сварен пудинг. Тргнете настрана, додајте го путерот и постојано промешувајте додека комплетно не се растопи. Покријте со хартија за свежа храна, така што ќе го допрете дното за да спречите формирање на кора на пудингот додека се лади.
  3. Изматете го изладениот пудинг со помош на миксер и додајте го кремот со кокос. Нанесете го филот во изладените кори и измазнете со помош на шпатула.
  4. Во сад на пареа растопете го чоколадото. Декорирајте ги мини тартовите така што ќе оформите снешковци.

Добар апетит и забавно готвење!

Готвиме со Теа: Чизкејк со мешано црвено овошје

Десерт

Состојки

За крем

1 пакетче Dolcela пудинг од ванила
500 милилитри млеко
300 гр крем сирење
3 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици шеќер
1 кесичка Dolcela желатин

За желе од овошје

400 грама замрзнато мешано црвено овошје
10 лажици шеќер
1 кесичка Dolcela желатин

За бисквит

300 грама мелени кекси
150 грама путер
Десерт

Подготовка

  1. Најпрво, стопете го путерот. Во подлабок сад ставете ги мелените кекси и измешајте ги со стопениот путер. Убаво промешајте и смесата префрлете ја во округол калап за торта. Смесата треба убаво да се распореди и натапка. Тавчето ставете го во фрижидер додека го подготвувате кремот за да се излади.
  2. Од млекото извадете настрана 6 лажици каде што ќе ги измешате пудингот и јајцата, а остатокот, заедно со шеќерот, ставете го во тенџере на оган да се вари. Кога ќе почне да врие, со постојано мешање, додајте го претходно измешаниот пудинг.
  3. Откако ќе се свари пудингот, тргнете го настрана и додајте го екстрактот од ванила. Почекајте 15 минути да се излади и потоа додајте ги претходно подготвениот желатин и крем сирењето. Мешајте додека сите состојки се соединат и смесата префрлете ја во тавчето врз претходно изладениот бисквит.
  4. Оставете да се лади додека го подготвувате желето од овошје.
  5. Во тенџере на оган ставете го овошјето заедно со шеќерот да се вари 10 минути. Во меѓувреме ставете го желатинот во 5 лажици вода да набабри, загрејте го да се стопи и додајте го во овошјето. Тргнете го од оган и почекајте да се излади 10 мин, а потоа префрлете го во тавчето врз кремот.
  6. Најдобро е да го оставите чизкејкот да стои во фрижидер преку ноќ за убаво да се излади.

На здравје и уживајте во празничниот вкус.

Десерт

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18536 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?