Почетна » Рецепти » Популарни јадења » „По лутење, следи смеење“: Деликатесно изненадување на шеф Никола за сопругата

„По лутење, следи смеење“: Деликатесно изненадување на шеф Никола за сопругата

Романтична вечера зготвена со љубов има моќ инстантно да ја стопи сета нервоза, а шеф Никола го докажува тоа. Талентираниот готвач ја дочека сопругата со позитивност и кулинарска симфонија на мириси и вкусови и ја натера да заборави на напнатиот ден и лутината.

Сервирајќи ѝ со внимание чинија со ароматни ребра, кремасти тестенини и кревка, свежа салата, шеф Никола ја развлече насмевката на лицето на неговата сакана Стефанија.

Коментирајќи го примамливото изненадување, тој вели:

Секогаш точно знам како да ја исфрлам негативната енергија од мојата сакана. Затоа и носам титула Шеф. Да, во ред, признавам дека дома шеф е мојата љубена. Јас шефувам на работа и тоа го правам совршено добро, исто како и храната, оброкот или што и да приготвувам за гостите, а и за домашните.

Мирисот на јадењето е првото нешто кое го чувствувате. Мирисот го мами погледот. Погледот предизвикува соблазнување и желба веднаш да се вкуси храната. А кога ќе се вкуси храната зготвена од моите раце, се заборава на сè и едноставно се ужива со задоволство во секое залче. Признавам дека знам да направам хаос во кујната. Но, тоа е позитивен хаос зашто секогаш резултатот е фантастичен. И денеска не беше поразлично. Мирисот и вкусот на храната направија за час да исчезне нервозата. Целта е постигната. Сопругата насмеана и среќна, јас уште повеќе. Исто така, признавам дека ја сакам. Ја сакам секогаш во секоја варијанта. Ја сакам и кога е лута. Слатка е и кога се лути. По лутење следи смеење. Јас сум просто луд по тоа нејзино смеење. Со неа, секогаш и секаде.

Шеф Никола

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Шеф Никола сподели и чекор по чекор како ја приготви специјалната вечера:

Сочни и ароматни ребра

Состојки

800 грребра
сол
мешан бибер
2 лажицислатка пиперка Вегета Маестро
2 лажицидимена пиперка Вегета Маестро
2 лажицилута пиперка

Подготовка

1

Свежото ребро убаво се зачинува од двете страни и се витка најпрво во хартија за печење, а потоа во алуминиумска фолија и убаво се затегнува.

2

Завитканото ребро се става во плех и се пече 3 часа на температура од 165°C.

3

Откако ќе се испече, местото се одмотува, се премачкува со барбекју сос и се запекува 20 минути на температура од 220°C.

Слатка си кога се лутиш

Кремаста паста

Состојки

200 гртестенини Zlato polje
50 грчадена сланина
100 грчедар
1 лажицадимена пиперка Вегета Маестро
1 лажицаВегета
црн бибер Вегета Маестро
150 млкрем за готвење

Подготовка

1

Ги вариме тестенините според инструкциите на пакетчето.

2

Во тава запржуваме сечкана чадена сланина, па ги додаваме димената пиперка, кремот за готвење, вегетата, чедарот и зачинуваме со црн бибер.

3

Откако смесата ќе се спои и ќе стане хомогена, ги додаваме сварените тестенини и промешуваме за сосот да навлезе во нив.

Слатка си кога се лутиш

Кревка салата

Состојки

рукола
марула
Ајсберг
шери домати
пармезан
крем балсамико
маслиново масло

Подготовка

1

Зелената салата ја сечкаме и додаваме шери домати.

2

Зачинуваме со маслиново масло и крем балсамико, а на крај додаваме и ленти пармезан.

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Видео

Анкета

Анкета
Колку често купувате онлајн?
  • 39%
  • 27%
  • 18%
  • 16%
Се испраќа...

(Вкупно: 15057 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.