Пикантни полнети триаголници кои за секунда го активираат апетитот
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Пикантни полнети триаголници кои за секунда го активираат апетитот

Пикантни полнети триаголници кои за секунда го активираат апетитот

Сочни, топли, умерено лути и неодоливо вкусни... Ви предлагаме пикантни триаголници кои неодложно ќе станат ѕвезда на масата со мезе или фаворит за оброк кога со радост заборавате на калориите.

Полнети со кашкавал, шунка и лут намаз со чили и слатка димена пиперка, пржени до златна нијанса и послужени со увереност дека ќе поттикнат ентузијастичко „Ммммм“, овие привлечни солени задоволства за секунда го отвораат апетитот.

Лути триаголници

Состојки

За тестото

250 гр брашно тип 400
250 гр брашно тип 500
½ ќесичка прашок за печиво Dolcela
1 лажичкачили Vegeta Maestro
1 лажичка сол
350 мл топла вода

За полнежот

250 гр шунка
250 гр кашкавал ајдамер
100 гр црвена пиперка
150 гр крем сирење
1 лажичкадимена пиперка Vegeta Maestro
1 лажичкачили Vegeta Maestro

За пржење

300 мл масло за готвење

Подготовка

1

За тестото, во длабок сад измешајте ги брашното, чилито, солта и прашокот за печиво.

2

Постепено додавајте ја водата и мешајте го тестото. Месете околу 10 минути, ставете го тестото во сад покриен со крпа или најлонска фолија и оставете го 1 час во топол дел на кујната.

3

За намазот, измешајте го крем сирењето со чилито и димената пиперка. Исечкајте ја црвената пиперка на ситни коцкички и додајте ја во подготвената пикантна смеса.

4

Тестото поделете го на 3 еднакви дела. Секој дел исукајте го во кружна форма со дијаметар од околу 30см. Пресечете го на половина и на секоја половина наредете плочка кашкавал, па плочка шунка. Одгоре ставете малку од намазот. Рабовите на тестото навлажнете ги минимално со вода и затворете ги триаголниците, како што е прикажано подолу. По желба, можете да направите шара со помош на виљушка.

Лути триаголници
5

Пржете во загреано масло на средна температура неколку минути додека нè придобијат златна боја.

Лути триаголници
6

Послужете ги топли со декорација рендан кашкавал.

Лути триаголници
Лути триаголници Лути триаголници

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10553 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.