Печен лосос со зеленчуци – хранлив оброк кој ѝ е омилен на талентираната актерка Дарја Ризова
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Печен лосос со зеленчуци – хранлив оброк кој ѝ е омилен на талентираната актерка Дарја Ризова

Печен лосос со зеленчуци – хранлив оброк кој ѝ е омилен на талентираната актерка Дарја Ризова

Електра, Дездемона, Нина Заречна, Ширли... Театарската публика ја познава Дарја Ризова под многу имиња и ја препознава по амбициозни интерпретации.

За тоа како ги доживува различните улоги, таа вели: „Секој лик е нова љубов. Со него растам, созревам, учам да одам, плачам, се смеам, ме отфрла – го отфрлам, пар – непар, дишеме заедно.“

Дарја Ризова/InstagramДарја Ризова (Instagram)

А кога е подалеку од штиците што живот значат, таа знае да ужива во хранливи оброци за да ја одржува енергијата на ниво. 32-годишната актерка сподели со нас дека едно од нејзините омилени јадења е лосос во комбинација со зеленчуци, па ни даде нов предизвик во кујната.

Лосос со зеленчуци

Состојки (за 2 лица)

2 парчиња лосос
зачин за риба Vegeta Natur
20 гр путер
200 гр брокула
300 гр зелена и жолта боранија
100 гр шери домати

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете ги парчињата лосос во тава и премачкајте ги со растопен путер. Поросете од двете страни на лососот со зачинот за риба. Печете 15 минути.
  2. Ставете малку путер во тавче на оган на средна температура. Додајте ги зеленчуците и збогатете им го вкусот со Vegeta Natur зачин со зеленчук. Гответе ги минимално за да им ја зачувате максимално хранливата вредност.
Лосос со зеленчуци

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 96%
  • 4%
Се испраќа...

(Вкупно: 2129 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?