Највкусните домашни принцес крофни
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Највкусните домашни принцес крофни

Највкусните домашни принцес крофни

Секој од нас обожава домашни десерти, а принцес крофните се еден од најчесто приготвуваните рецепти во македонските домаќинства.

Еве како да ги направите највкусните принцес крофни од кои сите ќе посакаат уште една повеќе.

Принцес крофни

Состојки

4 филџани вода
2 филџани масло Брилијант
4 филџани брашно
1 прашок за пециво Витаминка
8-9 јајца

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 200°C.
  2. Водата и маслото ставете ги заедно да зовријат во длабок сад.
  3. Откако ќе зовријат, тргнете ги од огнот, па додајте ги брашното и пецивото. Целата смеса се меша заедно и се остава убаво да се олади.
  4. Во изладената смеса, додавајте ги јајцата едно по едно и матете со миксер.
  5. На два големи плеха ставете хартија за печење и премачкајте ја со масло.
  6. Со мала лажица формирајте топчиња и распределете ги на плеховите. Можете да користите и шприц за правење на формите.
  7. Печете 20 минути на 200°C со вклучен вентилатор, а потоа уште 4-5 минути на 150°C. Значително важно е при печењето ниту еднаш да не ја отворате рерната.

Состојки за филот

125 гр маргарин
3 пудинзи ванила Витаминка
7 лажици шеќер
1,5 литар млеко
3 пакетчиња ванилин шеќер Витаминка
8 лажици густин
Принцес крофни

Подготовка на филот

  1. Издвојте 18 лажици ладно млеко во сад и додајте ги трите пудинзи, шеќерот и густинот. Мешајте со лажица.
  2. Останатото млеко ставете го на оган да зоврие. Откако ќе зоврие, додајте ги маргаринот и ванилиниот шеќер.
  3. Тргнете го од оган и додадете ја смесата со пудинзите. Промешајте. Со постојано мешање се враќа на оган уште 1-2 минути. Оставете го добро да се олади.
  4. Испечените крофни пресечете ги на половина и внатрешноста исполнете ја со филот. Декорирајте со стопено чоколадо за готвење.
Принцес крофни Принцес крофни Принцес крофни

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 18%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3037 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“