Лесен десерт: Чоколаден мус по семејниот рецепт на Маноло Бланик
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Лесен десерт: Чоколаден мус по семејниот рецепт на Маноло Бланик

Лесен десерт: Чоколаден мус по семејниот рецепт на Маноло Бланик

Маноло Бланик го отвори семејниот тефтер со рецепти и сподели лесен десерт во кој секој ќе ужива. Популарниот дизајнер на обувки објави како се приготвува неговиот омилен чоколаден мус.

Чоколаден мус

Состојки

2 чоколада
2 лажици путер
6 јајца (жолчките и белките раздвоени)
80 гр + 2 лажици шеќер
120мл слатка павлака
Чоколаден мус

Подготовка

1

Искршете ги чоколадата на ситни парчиња и заедно со путерот ставете ги во огноотпорен сад над тенџере со вода која врие. Мешајте со дрвена лажица за да се растопи.

Чоколаден мус
2

Оставете го чоколадото да се олади неколку минути, а потоа додавајте ги жолчките – една по една. Мешајте добро по секоја додадена жолчка за смесата да биде хомогена.

3

Во одделен сад, изматете ги белките за да добиете пена. Бавно додавајте го шеќерот и миксирајте додека не добиете цврста пена. Ќе знаете дека е доволно кога на мешалките ќе се оформат „врвови“ од пената.

4

Внимателно измешајте ја пената од белки во чоколадната смеса.

5

Во друг сад, измиксирајте ја слатката павлаката со двете лажици шеќер. Потребно е да се добие густа и цврста смеса.

6

Додајте ја слатката павлака со чоколадната смеса и промешајте внимателно.

7

Распределете го чоколадниот мус во чаши, покријте ги и ставете ги фрижидер 2 часа. Уживајте!

Чоколаден мус

Анкета

Анкета
Колку често купувате онлајн?
  • 36%
  • 30%
  • 18%
  • 16%
Се испраќа...

(Вкупно: 5796 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.