Лазања со тиквички – совршен летен оброк
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Лазања со тиквички – совршен летен оброк

Лазања со тиквички – совршен летен оброк

Лазањата е едно од најпопуларните јадења во светот, а постојат најразлични начини за подготовка на овој италијански специјалитет. Овој пат ви предлагаме лесна варијанта на вкусна лазања со тиквички.

Состојки за лазањата

кори за лазања
2тиквички
200 грсирење
150 грмоцарела
200 гркашкавал ајдамер
200 гркашкавал гауда
бешамел сос
босилек
маслиново масло

Бешамел сос

40 грбрашно
40 грпутер
500 млмлеко
сол
црн пипер
мелено индиско оревче

Подготовка

  1. Исечете ги тиквичките по должината на тенки парчиња, премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете малку сол и босилек. Оставете ги да се исцедат околу 15 минути. Потоа, потпечете ги на скара или потпржете ги во грил тава.
  2. Изрендајте ги кашкавалот и сирењето во одделни садови и оставете ги настрана.
  3. Подгответе го бешамел сосот. Растопете го путерот во длабок сад за готвење на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Постојано мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа, додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте сол, црн пипер и малку индиско оревче.
  4. Премачкајте го садот за печење со тенок слој бешамел сос и наредете од корите по целата површина.
  5. Врз корите, ставете еден ред тиквички. Поросете од изренданиот кашкавал и сирењето и додајте од сосот бешамел. Ставете уште еден слој кори и по истиот редослед продолжете со нанесување на состојките. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори и наведените состојки.
  6. Најгорниот слој треба да биде со кори, прелиени со бешамел сол и поросени со остатокот од кашкавалот.
  7. Печете во рерна на 200°С околу 40 минути, односно додека лазањата да добие златна боја.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 18%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3039 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“