Кулинарска „битка“ на фуд блогерите Дејв и Теа: Оброци со Zlato Polje тестенини
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Кулинарска „битка“ на фуд блогерите Дејв и Теа: Оброци со Zlato Polje тестенини

Кулинарска „битка“ на фуд блогерите Дејв и Теа: Оброци со Zlato Polje тестенини

Кој не обожава тестенини? Стотици ароматни сосови, стотици неодоливи варијации за подготовка. Може да се каже дека тестенините се како примамливо уметничко платно кое чека да стане основа на ремек-дело.

Поставивме двајца македонски фуд блогери пред предизвикот да создадат свое кулинарско ремек-дело од фусили. Имено, Дејв од „Dave’s Kitchen“ и Теа од „Готвиме со Теа“ подготвија брзи и вкусни јадења кои веднаш би ве поттикнале да посегнете по виљушката.

Па, кој специјалитет ви се допаѓа повеќе?

Фусили со пилешко и зеленчук

Dave's Kitchen: Фусили со пилешко и зеленчук

Фусили со пилешко и зеленчук

Состојки

500 гр фусили Zlato Polje
1 тиквичка исечена на кругови
1 мал модар домат исечен на кругови
2 парчиња пилешко филе
200 гр шампињони, ситно исечкани
1 чешне лук, ситно исечкано
2 мали феферони пиперки
½ мала лажичка мешан сув зеленчук
1 мала лажичка сушено оригано
маслиново масло
сол
мелен црн пипер

Подготовка

  1. Во грил тава на оган загрејте маслиново масло, а пилешкото добро зачинете го со сол и мелен црн пипер.
  2. Пресечете го секое парче пилешко на половина така што ќе добиете вкупно 4 парчиња. Гответе ги парчињата месо на загреаната тава по околу 7-8 минути од секоја страна. Добро зготвените парчиња пилешко ставете ги во чинија и покријте ги со алуминиумска фолија, додека го подготвувате зеленчукот.
  3. Во истата тава, додајте маслиново масло и гответе ги парчињата тиквичка, модар домат и свежи шампињони. По 5 минути, додајте го ситно исечканиот лук и сечканите феферони пиперки. Промешајте и гответе околу 10 минути.
  4. За тоа време, во зовриена вода со малку сол сварете ги фусилите. Внимавајте да не ги зготвите премногу. Згответе ги 1-2 минути помалку од времето препорачано на кесичката. Потребно е да бидат ал-денте.
  5. Промешајте го зеленчукот и додајте ги сварените фусили во грил тавата. Добро промешајте и зачинете со мешан сув зеленчук, сол и мелен црн пипер по вкус. Додајте го и сувото оригано и гответе околу 1 минута.
  6. Сервирајте од фусилите во чинија за послужување и додајте парче пилешки стек.
  7. По желба сервирајте со сечкани `фстаци.
Фусили со пилешко и зеленчук

Готвиме со Теа: Тако фусили

Состојки

500 гр фусили Zlato Polje
1 тиквичка исечена на кругови
300 гр јунешко мелено месо
1 главица црвен кромид
2 големи зелени пиперки
2-3 домати
2-3 моркови
мешан сув зеленчук
сол
мелен црн пипер
чили во прав
лук во прав
оригано
мелен ким
Фусили со пилешко и зеленчук

Подготовка

  1. Ставете на оган вода во длабоко тенџере. Кога ќе почне да врие, во водата додајте малку сол и ставате ги тестенините да се варат 6 минути.
  2. Во меѓувреме, исецкајте го кромидот на ситни коцки и ставете го во тавче со малку масло да се пропржи. Откако кромидот ќе се карамелизира, додајте го месото и пржете додека месото не добие кафена боја (3-4 минути на умерена температура).
  3. Исецкајте го морковот на коцки и додајте го во месото. По некоја минута пржење, ставете ги доматот и пиперката, исто така исецкани на коцки.
  4. Пропржувате уште кратко, ги додавате зачините и на крај ги додавате претходно сварените и процедени тестенини. Убаво промешувате за тестенините да се соединат со сите состојки.
  5. Сервирајте ги во чинија и уживајте во вкусот.
Фусили со пилешко и зеленчук

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18596 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?