Колачи од кокос – хит десерт од кој никогаш не е доволно
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Колачи од кокос – хит десерт од кој никогаш не е доволно

Колачи од кокос – хит десерт од кој никогаш не е доволно

Кога егзотичната арома на кокосот ќе се спои со хедонистичкото уживање кое го доставува темното чоколадо се добива десерт од кој секогаш ќе посакувате парче плус.

Овие колачиња имаат специјално место во американската кујна (кокосови макаруни, coconut macaroons), но со мали модификации, се популарни во многу катчиња низ светот затоа што се многу едноставни и се приготвуваат со само неколку состојки.

Колачи од кокос

За помалку од половина час можете да имате на трпезата кокосови колачиња кои се минимално крцкави однадвор и идеално сочни и слатки однатре, а најдоброто е што ризикот од грешки е речиси непостоечки, дури и за кулинарските аматери.

Колачи од кокос

Состојки

300 гркокос Витаминка (3 пакетчиња)
100 гршеќер
4 белки од големи јајца
2 мали лажички екстракт од ванила
прстофатсол
темно чоколадо
Колачи од кокос

Подготовка

  1. Во длабок сад измешајте ги белките, шеќерот, ванилата и солта. Со маталка рачно матете додека не добиете пенлива смеса.
  2. Додајте го кокосот и мешајте. Кокосот треба да биде рамномерно навлажнет од течната смеса.
  3. Со рацете оформувајте колачи во конусовидна форма, без да се трудите да создадете остар врв. (Совет: За колачите да имаат побогата текстура, по оформувањето, секој од нив поросете го со малку кокос.) Редете ги колачите во тава обложена со хартија за печење.
  4. Печете ги колачите 15-20 минути во загреана рерна на 180°C, односно додека врвовите не заруменат. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да оладат.
  5. Растопете чоколадо во микробранова печка или во сад над зовриена вода. Потопете ги во чоколадото или само дното, или и дното и врвот, или пак, со чоколадото напрскајте ги колачите. Изгледот зависи од вашите преференции, а колачите можете да ги служите и без воопшто да ги чоколадирате.
Колачи од кокос Колачи од кокос Колачи од кокос

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 32%
  • 11%
  • 57%
Се испраќа...

(Вкупно: 1529 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.