Идеи за совршени појадоци кои не одземаат многу време за подготовка
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Идеи за совршени појадоци кои не одземаат многу време за подготовка

Идеи за совршени појадоци кои не одземаат многу време за подготовка

Потребна ви е инспирација за здрави појадоци, полни со хранливи состојки, кои лесно се приготвуваат?

Ви нудиме идеи кои ќе сакате да ги испробате:

Овесни снегулки потопени преку ноќ

За утрата кога немате многу време за да приготвувате појадок, идеален избор се овесните снегулки потопени преку ноќ.

Помешајте ги снегулките во тегла со млеко или вода во сооднос 1:2, додајте прстофат сол заедно со вашиот омилен засладувач, а по желба и малку чиа семе и оставете ги во фрижидер за да се приготвуваат додека вие спиете.

Наутро ќе имате здрав појадок во кој можете да додадете овошје, цимет, ванила, јатки, урми, путер од кикирики, па дури и чоколаден чипс.

Појадок Појадок Појадок Појадок

Видео

Печен леб + Хумус

Хумусот е идеален начин за да внесете протеини од растително потекло и е редовен избор на веганите. Зависи од подготовката, но вообичаено во 100 гр намаз од наут има 8 грама протеини, а и хумусот нуди добар извор на растителни влакна.

Најубавото е што лебот со неутрален хумус можете да го комбинирате на најразлични начини, за да добиете и слатки и солени варијанти. Банани или јаболко и мед, авокадо, домат и босилек, јајце, семиња, маслинки, јагоди... Додајте што и да посакате и ќе добиете примамлив појадок кој долго време ќе ве држи сити.

Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок

Чиа пудинг

Како и овесните снегулки, и чиа семето се кисне преку ноќ со цел да набабри и омекне. Можете да го потопите во млеко, од растително или животинско потекло, како и во јогурт. Соодносот е 3 лажици семе на една чаша течност. Следниот ден, измешајте ја смесата и во неа додајте мед или друг засладувач како стевиа, јаворов сируп и агаве или топено темно чоколадо.

Одгоре можете да ставите овошје, изблендирано или на парчиња, како и да додадете јатки или кокос. Чиа пудингот може да стои во фрижидер и да се користи 3-4 дена.

Интересен и примамлив начин за сервирање на чиа пудингот е да го сервирате во слоеви. Забавувајте се!

Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок

Видео

Јајца + Авокадо

Без разлика дали сте обожавател на кајгана или јајца на око, секогаш можете да ги комбинирате истите со авокадо и да добиете совршено здрав појадок. Многу љубители на оваа комбинација си приготвуваат оброк и во рерна, печејќи го јајцето во внатрешноста на издлабено авокадо.

Пронајдете ја вашата омилена варијанта.

Појадок Појадок Појадок Појадок

Печено авокадо со јајце

Појадок

Видео

Тост со салата од авокадо и варени јајца

Појадок

Видео

Американски палачинки

Американските палачинки се совршен појадок кој можете да го комбинирате со благи или солени намирници. Основниот рецепт можете да го прочитате тука, а ако сакате да добиете поздрава варијанта, белото брашно можете да го замените со брашно од овес, јачмен или спелта, или пак да го комбинирате во сооднос 50:50. Во смесата можете да додадете и мелени семиња, како ленено семе, семе од тиква или сончоглед.

Ако сакате да имате палачинки за солени варијанти, во однос на шеќерот, ставете само една мала лажичка шеќер.

Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок Појадок

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3576 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.