Гвакамоли

Гвакамоли

ГвакамолиСвежо приготвен гвакамоли сос
Гвакамоли и тортиља чипс Гвакамоли и тортиља чипс Гвакамоли, салса и тортиља чипс

Гвакамоли (guacamole, гвакамоле) е густ сос чија главна состојка е авокадото. Карактеристичен е за мексиканската кујна, а особено е популарен во комбинација со тортиља чипс. Името влече потекло уште од Ацтеките, кои го користеле зборот ahuacamolli (ahuacatl = авокадо, molli = сос).

Гвакамоли сосот е одличен за вашата вечерна забава или за занимација додека гледате телевизија. Се приготвува многу едноставно, а за него сигурно ќе добиете заслужени комплименти од гостите.

Состојки

3авокада
1зелен лимон
к.л.сол
½ шолјаситно исечкан кромид
с.л.свеж колиандер, ситно исечкан
1домат
чили пиперки, чили зачин или Tabasco сос (по желба)
лук во прав (по желба)

Време за подготовка: 10 минути

Инструкции за приготвување

Пресечете ги трите авокада на половина (вертикално) и отстранете ги коските. Со нож исечете коцкички во внатрешноста на плодот и потоа со лажичка извадете ја содржината (како на сликите) и ставете ја во сад.

Авокадо Авокадо Авокадо

Исцедете го зелениот лимон во садот со авокадото, додајте ја солта и испасирајте ја смесата со помош на виљушка (можете да користите и блендер, но притоа внимавајте да не добиете премногу течна смеса). Откако ќе завршите со пасирањето, додајте ги во садот сите преостанати состојки освен доматот и убаво промешајте. Вака приготвената смеса можете да ја чувате во фрижидер, но не подолго од 2-3 часа.

Кога ќе дојде време за послужување, отстранете ги семките и течниот дел од доматот. Исечкајте го доматот на ситни парчиња и додајте го во претходно приготвената смеса. Убаво промешајте.

Послужете го гвакамоли сосот во мал длабок сад што ќе го ставите во средината на голема чинија со тортиља чипс (пченкарен чипс во форма на триаголник). За поголема разновидност, можете да додадете уште еден мал сад, овој пат со салса сос.

Чоколадно фонду и различни овошјаОсвен со тортиља чипс, гвакамолито можете да го послужите и со долги парчиња краставица, пиперка, морков, мали доматчиња, печурки итн. Искористете ја фантазијата.

!

Совети:

Тајната на совршениот гвакамоли сос е во зрелото авокадо. Кога купувате авокадо, притиснете го со прст. Плодот не треба да биде цврст (како компир). Сепак, внимавајте да не купите и премногу мек плод (презреан).

Гвакамоли сосот треба да се послужи веднаш по приготвувањето. Не дозволувајте да стои приготвен подолго од 2-3 часа затоа што ќе ја изгуби убавата боја и свежината.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5998 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?