Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.
Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.
| 3 | јајца |
| 3 | жолчки од јајца |
| 1/3 шолја | шолја млеко (80ml) |
| 1/3 шолја | шолја слатка павлака (80ml) |
| 100g | брокули |
| 2 | моркова |
| 50g | пченка и зелена боранија (замрзнати) |
| 1 | мал домат |
| 1 кафена лажичка | крупна сол |
| 1/2 кафена лажичка | црн пипер |
| 100g | крупно рендан кашкавал |
| Масло за готвење или путер |
Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси, чаен колбас или кулен.
Вкусни комбинации:

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (7)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.