Во потрага сте по идеи за лесен оброк кој ќе ви ги задоволи сетилата?
Дејв од „Dave’s Kitchen“ и Теа од „Готвиме со Теа“ предлагаат јадења со пилешко кои изобилуваат со ароми и мамат со егзотичен шмек.
Кое ви се допаѓа повеќе?
Dave’s Kitchen: Цезар салата со егзотичен вкус
Состојки
За салатата
| 1 | марула |
| 2 парчиња | пилешки гради |
| сол | |
| црн бибер | |
| 1 пакетче | зачин Vegeta Natur за пилешко |
| 1 лажичка | оригано |
| 3 парчиња | чиабата леб |
| маслиново масло | |
| ½ лажичка | лук во прав |
| 1 лажичка | буковец |
| ½ лажичка | оригано |
| 50 гр | пармезан |
| 100 гр | шери домати |
За преливот
| 2 лажици | мајонез |
| 4 лажици | кисела павлака |
| 2 лажици | неутрална павлака |
| сол | |
| црн бибер | |
| 1 лажица | зачин Vegeta Natur за пилешко |
| ½ лажичка | куркума или кари |
| 1 | чешне лук, исечкано |
| 2-3 лажици | маслиново масло |
| сок од половина лимон | |
| ½ лажичка | сенф |
| 1 лажичка | буковец |
| ½ лажичка | оригано |
Подготовка на Цезар салата
- Во тавче обложено со хартија, ставете ги пилешките гради и зачинете ги со сол, мелен црн бибер и зачинот за пилешко месо. Додајте оригано и добро „измасирајте“ ги зачините во месото. Полејте малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
- Штом пилешките гради ќе бидат зготвени, превиткајте ги во алуминиумска фолија додека сè уште се топли, за да се ослободат соковите и месото да остане меко, сочно и полно со вкусови.
- По 20 минути, пресечете го белото месо на помали парчиња и оставете настрана.
- Во тавчето каде што се печело белото месо, ставете ги претходно исечените парчиња чиабата леб на помали коцки. Зачинете со буковец, лук во прав, оригано и полејте малку маслиново масло. Печете околу 10 минути на истата температура, или додека не добиете испечени кубети.
- Во стаклен сад, ставете ги сите состојки потребни за преливот и добро промешајте додека не добиете течен и соединет прелив за Цезар салата.
- Во длабок сад, ставете ја исечената марула, кубетите, парчињата месо, шери доматите пресечени на половина и пармезанот исечен на тенки листови. Добро промешајте и додајте половина од преливот. Добро измешајте ја салатата додека сите парчиња не бидат покриени по малку од преливот. На крај, сервирајте во чинија и додајте дополнително прелив.
Декорирајте со парчиња пармезан и уживајте.
Готвиме со Теа: Пилешки ражничи со зеленчук и ананас
Состојки
| 600 гр | пилешки стек |
| 2 | големи црвени пиперки |
| 2 | големи зелени пиперки |
| 1 главица | црвен кромид |
| ½ | свеж ананас |
| масло | |
| зачин Vegeta Natur за пилешко | |
| сол | |
| црн бибер | |
| сос од соја | |
| мед |
Подготовка
- Пилешкиот стек исечете го на поголеми коцки, зачинете го со Vegeta зачинот за пилешко и оставете го да се маринира најмалку 30 минути.
- Пиперките, кромидот и ананасот исецкајте ги на коцки, приближно големи колку пилешкото месо.
- Земете стапчиња за ражничи и почнете да ги боцкате - прво парче црвена пиперка, па парче ананас, парче зелена пиперка, парче кромид, па парче месо. Така ги редите додека да го пополните стапчето и наредените ражничи ги печете на скара.
- Пет минути пред да ги извадите од скарата, премачкајте ги со четка со сос од соја и мед и посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер.
На здравје и уживајте.
