ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Правите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава.
Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.
| 1 шише | црвено вино (1 литар) |
| ½ чаша | бренди |
| ½ чаша | свежо цеден сок од портокал |
| ¼ чаша | шеќер |
| 1 | портокал, исечен на тенки кругови |
| 1 | лимон, исечен на тенки кругови |
| 1 | зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови |
| 1 | јаболко, исечено на тенки полумесечинки |
| 1 чаша | газирана вода |
| мраз |
Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.
Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.
Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино.
| 1 шише | суво бело вино (750ml) |
| ½ чаша | свежо исцеден сок од портокал |
| ½ чаша | свежо исцеден сок од лимон |
| ¼ чаша | ликер од портокал (Triple sec) |
| ½ чаша | шеќер |
| 1 | лимон, исечен на тенки кругови |
| 1 | портокал, исечен на тенки кругови |
| 250ml | газирана вода |
| мраз |
Во голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот.
Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз.
Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво.

Оскар Вајлд
Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.
Коментари (6)
litar crno vino
ceden sok od 1-2 portokali,
1 jabolko seckano
1-2 praski ceskani
1 krusa seckana (ako imam pri raka)
1 portokal ceckan
250 ml sok od jabolka
2-3 lazici seker
10-tina kocki mraz
se se promesuva so lazica, se stava vo frizider da ostoi bar 5-6 sati, odvreme-navreme promesuvam, sekerot da se izmesa... i ... na kraj izleguva prekrasna sangrija!
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.