Пина Колада

Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови.

Потекло

Се смета дека Пина Коладата потекнува уште од 20 век, кога во Куба бил создаден пијалок кој се нарекувал piña fria (студен ананас). Се правел од дробен ананас, шеќер и мраз.

Модерниот коктел Пина Колада се верува дека е создаден во бар во Сан Хуан, Порторико, во 1950г. Поради тоа, во 1978г. овој коктел е прогласен за официјален коктел на Порторико.

Состојки

30mlбел рум
30mlкокосов крем (или кокосово млеко)
30mlсок од ананас
мраз
Коктел Пина Колада

Подготовка

  1. Чашата во која ќе го служите коктелот наполнете ја со мраз и оставете ја настрана.
  2. Ставете ги во блендер румот, кокосовиот крем, сокот од ананас и 8 коцки мраз. Потоа пуштете го блендерот да меша додека мразот целосно не се издроби. Треба да добиете скоро хомогена смеса.
  3. Испразнете ја чашата којашто претходно ја ставивте да се лади, а потоа налејте ја во неа смесата од блендерот.
  4. Украсете со парче ананас, мараскино цреша, две сламки и коктел чадорче.

Можете да употребите различни количини на дадените состојки. Пример: ако сакате посилен коктел, употребете двојно количество на рум (60ml). Некои сметаат дека оригиналниот рецепт препорачува 45ml бел рум, 90ml кокосов крем и 180 ml сок од ананас.

Ако сокот од ананас е блуткав или киселкав, додајте во коктелот шеќер во прав.

Варијации

  • King Henry – на коктелот Пина Колада додајте му вотка.
  • Piñita Colada (девствена Пина Колада) – без рум.
  • Chi Chi – вотка наместо рум.
  • Amaretto Colada – амарето наместо рум.

Пина Колада – ВИДЕО

Коментари (5)

10556
01:06, 29 јули 2010г. #
Omiiilen koktel!!♥
14005
13:45, 02 август 2010г. #
mmmmmmmm prevkusen ee !! :D
14081
05:00, 04 август 2010г. #
Има во Веро Кокосов Крем,значи не Кокосово млеко..хмм знае некој !? Баш сакам да проверам...
16254
21:12, 13 септември 2010г. #
super e
17383
23:17, 11 ноември 2010г. #
odma ke si go napravam!!!

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 29%
  • 18%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 11477 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter