Зелениот чај е неверојатен извор на здравје и постојат многубројни истражувања кои го докажале тоа. Тој е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел од секојдневната исхрана.
Зелениот чај е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел од секојдневната исхрана.
Зелениот чај се прави од суви лисја на растението Camellia sinensis, истото растение од кое што се прави и црниот чај. Разликата помеѓу зелениот и црниот чај е во начинот на преработка.
Користењето на зелениот чај датира од пред повеќе од 5000 години, а се смета дека потекнува од Кина. Во минатото се служел на различни свечености и церемонии, а бил употребуван и како средство за одржување на будноста и концентрацијата за време на медитација.
Една индиска легенда го поврзува принцот Сидарта Гаутама, основачот на будизмот, со појавата на зелениот чај. Во неа се вели дека кога патувал низ Кина, Сидарта бил толку фрустриран од тоа што не можел да остане буден за време на долгите часови поминати во медитација, што си ги откорнал очните капаци. На местото каде што паднале, започнало да расте првото растение на зелен чај што му овозможило да остане буден.
Денес зелениот чај е распространет низ целиот свет и се смета за еден од најздравите пијалоци.
Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis, е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Еден од најстарите светски познати истражувачи за полезното дејство на зелениот чај, Џон Вајсбургер, тврди дека зелениот и црниот чај содржат 8-10 пати повеќе полифеноли, отколку овошјето и зеленчукот.
Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган и флуорид.
Постојано се појавуваат нови и нови докази за полезното дејство на зелениот чај врз здравјето.
Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.
Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.
Тој ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото. Тоа се случува благодарение на кофеинот и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), кои влегуваат со составот на зелениот чај.
Но, пиењето на зелен чај нема да ви донесе видливи резултати преку ноќ. Вклучете го во вашата исхрана, но сепак внимавајте и на бројот на внесените калории.
Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето. Ако досега не сте пиеле зелен чај, најдобро е да започнете со една чаша дневно.
Најдобро е да се консумира до 4-5 чаши дневно, иако кинезите и многу експерти советуваат дека е корисно да се пијат и 10 чаши дневно.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (20)
p.s-dovolno e sekoj den da se pie po 1 casa caj ama sega, ne pokazuva mnogu slabeenje mislam deka ama vo sekoj slucaj korisen e :))
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.