Почетна » Рецепти » Намирници » Увин чај за спас од уринарни инфекции: Лековитост и препораки

Увин чај за спас од уринарни инфекции: Лековитост и препораки

Во ризницата наречена народна медицина се крие ароматен природен лек кој го препорачуваат и докторите. Станува збор за делотворна фузија на билки позната како увин чај.

Хармоничната мешавина нуди вистинско олеснување на потешкотиите при уринарни проблеми, па со векови наназад се користи како алтернативен лек.

Увин чај

Мечкино грозје како главен херој во увиниот чај

Увиниот чај Urosal е составен од мечкино грозје, златница, лист од бреза и коприва – четири билки кои обединето функционираат за одржување на здравјето.

Мечкиното грозје, чие латинско име е Arctostaphylos uva-ursi, е растение со црвени бобинки кои ги обожаваат мечките. Неговата лековитост била позната уште од 2-риот век, а современите истражувања ја потврдуваат неговата ефикасност во борбата со инфекции.

Неколку хемикалии во мечкиното грозје, меѓу кои арбутин и хидрохинон, помагаат за справување со воспаленијата во телото. Исто така, танините кои ги содржи ги стегаат мукузните мембрани и со тоа ја редуцираат инфламацијата во телото.

Освен за полесно справување со уринарни инфекции, мечкиното грозје помага и при главоболки и дијареја, а благодарение на хидрохинонот, може да асистира во зајакнувањето на имуниот систем.

За што сè помага увиниот чај?

Увиниот чај бил во првата линија при третирање на уринарни инфекции долго време пред пронаоѓањето на антибиотиците. Овој топол напиток има антисептичко, антивоспалително и диуретско дејство.

Потенцијални придобивки од увиниот чај:

  • Ги смирува симптомите на уринарни инфекции (честа и силна потреба за мокрење; печење и болка при мокрење; заматена урина која може да има силна миризба или да содржи крв; притисок/грчеви во долниот дел на стомакот.);
  • Го забрзува мокрењето;
  • Превенира таложење на песок и создавање на камења;
  • Го олеснува исфрлањето на камчиња;
  • Ги ублажува грчевите;
  • Ја стимулира работата на бубрезите;
  • Асистира во мачната борба со бактеријата Escherichia coli (ешерихија коли).

Важно е да се потенцира дека увиниот чај е мошне ефективен, но не треба да се сфаќа како замена за антибиотска терапија доколку таква е препишана од медицинско лице.

Увин чај

Препораки за консумирањето на увин чај

Увиниот чај задолжително треба да се користи во согласност со препораките на пакувањето, бидејќи дневните дози треба да се лимитирани и да не се пречекорува препорачаниот период за користење.

Имено, увиниот чај Urosal од Podravka е потребно да се пие 4 пати дневно, приготвен непосредно пред консумација, а да не се користи како чаен напиток подолго од една недела.

Препорачлив е за лицата кои често се соочуваат со уринарни проблеми, а не се препорачува да го примаат лица со оштетени бубрези, трудници, доилки и деца помали од 12 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.