Нутриционистката Маја Велковска советува: Како тестенините да ги подготвите во поздрава варијанта?
Почетна » Рецепти » Намирници » Нутриционистката Маја Велковска советува: Како тестенините да ги подготвите во поздрава варијанта?

Нутриционистката Маја Велковска советува: Како тестенините да ги подготвите во поздрава варијанта?

Нутриционистка Маја Велковска

Ќе се согласите дека тестенините се присутни на трпезата во речиси секое семејство, а честопати и неколку пати неделно. Тоа и не треба да нè чуди, бидејќи пастата лесно може да се вклопи во различни јадења и да ни помогне во подготовката на вкусен и здрав оброк. Јадењата со тестенини се дел и од прочуената медитеранска исхрана, за чии бенефиции говорат бројни докази.

Тестенините се важно делче од сложувалката „здрава исхрана“
Маја

Во време кога непрестајно се популаризираат нискојаглехидратни диети за слабеење, тестенините ги бие лош глас, но вистината е дека не треба да се откажете од консумирање на истите, а тоа важи дури и кога целта ви е да ослабете. Всушност, тестенините се важно делче од сложувалката наречена здрава исхрана.

Сè што треба да направите е да научите како да ги подготвувате тестенините во поздрави варијанти.

Тестенини

Зошто тестенините се важен дел од исхраната?

Со тестенините внесуваме сложени јаглехидрати, кои се основа во сите пирамиди на исхрана, а исто така и Светската здравствена организација препорачува 45-65% од внесената енергија да доаѓа од јаглехидрати.

Тестенините се и добар извор на протеини, а доколку се направени со јајца, како многу од тестенините на Zlato Polje, претставуваат уште подобар извор на протеини, додека од друга страна не содржат транс масти. Дополнително, со интегралните тестенини направени од цели зрна житарки внесуваме и растителни влакна и поширок спектар на витамини и минерали.

Како да подготвите поздрави варијанти од тестенините?

Тестенини

Без разлика на тоа дали ќе изберете фусили, шпагети или резанци, секогаш препорачувам тестенините да ги комбинирате со:

  • Многу зеленчук со кој додавате растителни влакна, витамини, минерали и го намалувате гликемискиот индекс на оброкот. Збогатете го јадењето со грашок, иситнети моркови, домати или брокули и без да почувствувате, нутритивно ќе го издигнете оброкот на повисоко ниво.
  • Здрави масти како маслиново или ленено масло, авокадо, сосови од семки/јатки. Додајте ги за дополнително да го намалите гликемискиот индекс на оброкот и за да добиете покомплетен оброк, кој освен што ќе ги задоволи вашите потреби за сложени јаглехидрати и растителни влакна, ќе ве обезбеди и со здрави масти кои ви се неопходни за добро здравје.
  • Здрави протеини. Можете да ги искомбинирате тестенините и со дополнителен извор на здрави протеини. Ова ќе го постигнете ако инкорпорирате морски плодови, сосови од јатки/семки, мешунки или месо/риба.

Дополнителни совети за уште поздрави оброци со тестенини

  • Преферирајте црвен сос наместо бел. Црвениот сос од домати е помалку калоричен, содржи помалку масти, а е богат со ликопен, кој е моќен антиоксиданс и сојузник во борбата со рак. Тестенини
  • Приготвувајте го сосот сами. Наместо да избирате сос од тегла, направете го сами. За разлика од готовите сосови, на овој начин ќе консумирате помалку натриум и шеќер, а и ќе го контролирате внесот на масти.
  • Тестенините консумирајте ги со црвен сос богат со антиоксидансот ликопен
    Маја
  • Помалку е повеќе. Италијанците, кои се домаќини на земјата на пастата, се категорични дека треба да ставаме колку што е можно помалку состојки во тестенините. Промешајте приготвени резанци Zlato Polje во маслиново масло со пропржени лути пиперчиња, печурки, спанаќ и малку лук и доволно е за да создадете совршена, лесна вечера. Брзо и вкусно!
  • Во салатите со тестенини, заменете го мајонезот со авокадо. Рецептите за макарони салата многу често вклучуваат мајонез. Но, многу подиетална варијанта е да го замените мајонезот со пасирано авокадо. Ем здраво, ем вкусно.
Тестенини

Тестенините се добра основа за здрава исхрана, а на вас останува да балансирате со состојките за да креирате нутриционистички богат и вкусен оброк.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18536 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?