Нутриционистката Маја Велковска советува: Имаат ли место десертите во здравата исхрана и диетите за слабеење?
Почетна » Рецепти » Намирници » Нутриционистката Маја Велковска советува: Имаат ли место десертите во здравата исхрана и диетите за слабеење?

Нутриционистката Маја Велковска советува: Имаат ли место десертите во здравата исхрана и диетите за слабеење?

Нутриционистка Маја Велковска

„Дали морам да се откажам од слаткото додека се обидувам да ослабам?“, „Смеам ли да јадам десерти ако целта ми е здрава исхрана?“, „Колкава е границата за внесување шеќер дневно?“... Слатката храна искушува, но и поттикнува многу прашања.

Многумина кога ќе решат да слабеат, целосно ги пречкртуваат десертите. Но, престрогите рестрикции се речиси неодржливи на долгорочен план, бидејќи лишувањето од храната која ја сакате, порано или подоцна ќе доведе до прејадување со истата. Само помислете, ако постојано копнеете за нешто за што ви е кажано дека не можете да го имате, вие ќе го посакувате уште повеќе. Тоа е причината што многу лица кои се на ригорозна диета нагло ја покачуваат тежината набрзо по крајот на диетата.

Имате право на благо, но клучот е во големината на порциите

Не мора да се откажувате од слатката храна сè додека ја консумирате во контролирани порции
Маја

Личност која нема сериозни здравствени проблеми не мора да се откажува ама баш од ништо, сè додека го консумира во контролирани порции.

Секој може да си дозволи секојдневно сладок десерт од 200 калории, дури и кога се обидува да топи килограми. А кога во специјални прилики ќе изберете покалорично слатко парче, едноставно надоместете со поголема физичка активност.

Колку шеќер е премногу шеќер?

Сигурно сите се сеќавате на трендот со нискомасна исхрана, кога мастите претставуваа најголемо зло, а во денешно време таа титула му припаѓа на шеќерот. Сепак, да научиме нешто од претходното погрешно „демонизирање“ на мастите и да не ја правиме истата грешка и со јаглехидратите.

Здравите слатки задоволства дефинитивно можат да најдат место во балансираната исхрана, а дури и оние не баш здравите не мора да претставуваат „неопростлив грев“ на полето на здрава исхрана. Неопходно е да бидете свесни колку шеќер внесувате дневно.

Десерт

Според препораките на Американската асоцијација за срце, жените не треба да консумираат повеќе од 6 лажици шеќер дневно (25 грама), што се сведува на 100 калории. Кај мажите, ограничувањето е на 9 лажици дневно (37,5 грама) или 150 калории.

Жените не треба да консумираат повеќе од 6 лажици шеќер дневно

Во овој контекст, десертите се „добри“, бидејќи кога јадете десерт вие сте свесни дека внесувате шеќер и знаете дека треба да се контролирате. Проблемот се „скриените шеќери“, кои луѓето несвесно ги внесуваат преку процесирани житни производи, протеински плочки, сокови, конзервирана храна или популарни чаеви/кафиња со најразлични вкусови. За да го намалите внесот на „скриени шеќери“, почесто обрнувајте внимание на она што го пишува на етикетите. Само така ќе знаете точно што внесувате во телото.

Совети

Стремете се кон здрави десерти. Во денешно време многу лесно на интернет можеме да стигнеме до идеи за здрави слатки искушенија.

  • Овошје во желатин. Силиконски калапи наполнете со желатин и парчиња овошје по избор и ќе добиете десерт за кој нема да чувствувате вина. Желатинот нуди редица здравствени бенефиции.
  • Испечете јаболко или круша. Испечете јаболка и поросете ги со цимет. Со тоа и ќе се насладите на убав десерт и ќе внесете витамини и растителни влакна.
  • Шолја топло какао. Наместо топло чоколадо, во студените денови уживајте во шолја какао, кое докажано го намалува крвниот притисок, го подобрува здравјето на крвните садови, помага во превенирањето на срцеви болести, го намалува лошиот холестерол и изобилува со антиоксиданси.

Преферирајте темно чоколадо. Темното чоколадо докажано е здраво, а е и на листите на намирници нарекувани „суперхрана“. Дури и кога готвите, избирајте темно чоколадо со повисок процент на какао.

Десерт
Десертот е десерт, а не оброк
Маја

Модифицирајте ги рецептите и гответе десерти дома. Во повеќето рецепти за десерти можете да ја скратите количината шеќер без тоа да се одрази на крајниот резултат. Дури и тоа да е 1 лажица, вие си правите добро. Кога готвите дома, многу добро гледате што консумирате, а со тоа градите и подобра врска со храната и развивате поголема свест за тоа што сè внесувате.

И за крај, не заборавајте дека десертот е десерт, а не оброк, што значи дека десертот се консумира во мали количини по оброк, а не во големи количини како замена за оброк.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6798 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“