ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во која што спаѓаат и портокалот, мандарината, грејпфрутот и др. Тој е евтин, лесно достапен и повеќенаменски. Особено е корисен кога е во прашање вашето здравје. Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати.
Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува.
Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за: нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол, превенција од атеросклероза, зајакнување на имуниот систем, главоболка, гадење, исцрпеност, подобрување на помнењето и концентрацијата.
Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува. Тој се препорачува од билкарите за снижување на крвниот притисок, исфрлување на токсините од црниот дроб, намалување на болките при артритис, против инфекции, грип, против болести во усната празнина и јазикот и т.н.
Лимонот е лек за стомакот поради неговиот лаксативен ефект. Исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Ако имате настинка, пробајте да пиете сок од лимон. Освен тоа што ќе ви помогне во борбата против настинката, ќе го сопре и развивањето на инфекции. Тоа е така поради неговите антибактериски и антивирусни својства.
Многу е едноставно да се подготви лимонова вода. Сè што треба да направите е да ја измешате пулпата и сокот од половина лимон во топла вода и да ја испиете. Лимоновата вода ќе му помогне многу на вашиот организам.
Лимоновата вода ја подобрува способноста на телото да ги исфрла отровите.
Тежината е основниот проблем на секоја жена. Но, ако имате неколку килограми повеќе, нема потреба да „се клукате“ со апчиња за слабеење. Одберете го поздравиот начин и искористете ја моќта на лимонот.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат поголемо количество лимон помалку страдаат од прекумерна тежина. Тоа е така затоа што лимонот содржи антиоксиданси, кои што го регулираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат гладот.
Исто така, луѓето кои што консумираат големо количество сок од лимон полесно слабеат, поради тоа што витаминот Ц го забрзува метаболизмот.
Можете да користите лимон и за вашата коса. Ако сте русокоса, може да употребите лимон за осветлување на вашата коса. За да го направите тоа, исцедете го сокот од половина лимон во вашата коса и седете околу еден час на сонце. Откако ќе ја измиете вашата коса таа ќе изгледа почиста, посвежа и поблескава.
Потењето во летните месеци е нормален процес. Но, ако сакате да го намалите честото потење со цел да се чувствувате попријатно, подготвите си чај од камилица и кон него додајте сок од половина лимон и една лажичка шеќер. Така направениот чај пијте го секоја вечер пред легнување.
Лисјата на лимоновото дрво испуштаат материи кои што го дезинфицираат воздухот и убиваат многу бактерии. Поради тоа, многу е корисно да се одгледува лимон во домот. Купете си лимоново дрво и одгледувајте го во вашиот дом. Така ќе се ослободите и од некои инсекти како комарците и мувите.
Лимонот може да се користи и како невидливо мастило. Потребно е само да се напише некаков текст со сок од лимон и кога ќе се стави на светлина тој може да биде прочитан.
Исцедете лимон во вашето кафе при главоболка.
Користете чист сок од лимон при убод од оса или пчела за да ја намалите болката.Секогаш купувајте лимони кои што се светло жолти и кои изгледаат свежи. Лимоните со тенка кора имаат повеќе сок, отколку лимоните со дебела.
Дневен, месечен и годишен хороскоп:

Оскар Вајлд
Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.
Коментари (10)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.