Митови во кујната
Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Митови во кујната

Митови во кујната

Микробранова печка

Мит 1. Ставањето на пластична опаковка во микробранова печка е штетно.
Вистината: Некои луѓе сметаат дека пластиката, кога е поставена во микробранова печка, ослободува елементи кои предизвикуваат рак. Но, не треба без потреба да се грижат. На опаковката на храната треба да пишува дали нејзината опаковка е приспособена за готвење во микробранова печка. Ако го пишува тоа, не треба да се загрижувате дека пластичната опаковка ќе му наштети на вашето здравје.

Мит 2. Консумирањето на салата директно од опаковката е штетно.
Вистината: Суровите зеленчуци кои се продаваат паковани во поголемите супермаркети, најчесто не содржат патогени микроорганизми. Сепак - не ризикувајте. Мијте ги зеленчуците и овошјето со ладна вода која постојано тече. За да бидете посигурни од бактерии, мијте ги рацете и кујнскиот прибор секогаш кога започнувате да готвите друга храна.

Мит 3. Многукратната употреба на шишињата за вода му штети на здравјето.
Вистината: Самата форма на шишињата за вода ги прави тешки за измивање. Поради тоа, бактериите остануваат во внатрешноста на шишето. Многу тешко е темелно да се измие едно шише за вода, без во него да останат бактерии. Затоа, подобро е да не ги употребувате шишињата за вода повеќе пати.

Мит 4. Готвењето во микробранова печка ги уништува хранливите материи повеќе од другите методи за готвење.
Вистината: Навистина готвењето во микробрановата печка предизвикува губење на хранливи материи, но тоа важи за сите методи за готвење. Дури може да се каже дека готвењето во микробрановата зачувува повеќе хранливи материи, затоа што се готви на пониска температура.

Мит 5. Јадењето на живо тесто за колачи е штетно.
Вистината: Иако само едно од секои 20 000 јајца е заразено со салмонела, експертите советуваат да не се консумира храна која содржи живи јајца. Салмонелата може да предизвика дијареја, треска и грчеви.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?