Компирите – како да ги приготвите?
Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Компирите – како да ги приготвите?

Компирите – како да ги приготвите?

Компирите се многу вкусна храна и идеален гарнир на скоро секое јадење. Има различни начини за подготвување на компирите. Подолу се опишани основните од нив.

Пржени копири со кечапКомпирите можете да ги приготвувате на различни начини според вашиот вкус.

Чипси

Излупете ги компирите и исечкајте ги во форма на тенки лисја. Потопете ги во ладна вода и оставете ги 1 час. Потоа потсушете ги. Подгответе 2 тенџериња со масло и поставете ги на оган - едното на температура од 190 степени, а другото на температура од 160 степени. Пржете ги компирите на температура од 160 степени и на крајот ставете ги во другото тенџере на повисока температура за да добијат златна боја.

Варени

Потопете ги компирите со студена вода и ставете ги на оган. Кога водата ќе започне да врие, додајте сол. Колку време е потребно за да се сварат компирите зависи од нивната големина. Со виљушка можете да проверувате дали се готови. Ако лесно можете да ги прободете до средината, тоа е знак дека се варени.

Печени

Исечкајте ги компирите на мали парчиња и варете ги 5 минути. Исушете ги и ставете ги во тава, која претходно сте ја загреале во рерна. Ставете ги во рерната и печете ги на температура од 220 степени околу 1 час. Компирите се готови кога имаат златна боја и се крцкави однадвор, а меки внатре.

Помфрит

Овој начин на приготвување воопшто не е здрав, затоа избегнувајте го. Сепак, никој не може да им одолее на убаво испржени компирчиња. Ставете ги исечканите компирчиња во многу жешко масло и потоа намалете ја температурата за да се пржат бавно. Мешајте од време на време.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.