Алкохолот и готвењето
Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Алкохолот и готвењето

Алкохолот и готвењето

Алкохолот е важна состојка присутна во многу рецепти. Тој им дава специфичен вкус на многу сосови, супи, меса и на многу видови слатки и сладоледи. Во текот на готвењето голем дел од алкохолот испарува, а останува само неговата арома.

Каков вид алкохол да изберете?

Вино во морска хранаОпшто прифатено правило е дека за приготвување на бело месо треба да се користи бело вино, за црвено месо - црвено вино.

Секогаш користете алкохол кој одговара на храната што ја готвите. Ако правите торта со малини – употребувајте ликер од малини.

Можете да користите текила, вино и рум во сосот за маринирање на месото. Ензимите од алкохолот реагираат со протеините и со тоа месото станува покревко. Текилата, пивото и виното си одговараат со мисиркино, пилешко месо и риба. Општо прифатено правило е дека за приготвување на бело месо треба да се користи бело вино, за црвено месо - црвено вино.

Кога готвите на скара, за посилна арома на месото употребувајте виски. За супа или чорба можете да користите бренди, вино или шери.

Не е задолжително за готвење да користите многу скап алкохол. Но, сепак алкохолот што го употребувате треба да биде пријатен на вкус.

Како да го користите алкохолот?

Не употребувајте многу алкохол. Голем број алкохолни пијалоци имаат силна арома, која може да ги прикрие останатите ароми на храната што ја готвите. За почеток ставете една супена лажица алкохол, а потоа ако е потребно додајте повеќе. Пробувајте од храната во целиот процес на нејзиното готвење.

Не налевајте алкохол врз многу жешко тавче. Ако сакате да додадете алкохол во жешко тавче, најпрво тргнете го од изворот на топлина. Вртете го тавчето додека го додавате алкохолот, за да не се загрее премногу. На крајот, вратете го тавчето обратно на ринглата и продолжете да готвите.

Испарува ли алкохолот во процесот на готвење?

Одговорот на ова често поставувано прашање зависи од околностите. Колку алкохол ќе содржи јадењето, зависи од времетраењето и начинот на приготвување. Во следната табела ќе најдете информација за тоа колку проценти од алкохолот останува во храната откако ќе ја зготвите.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4770 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?