Сочна туна салата
Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Сочна туна салата

Сочна туна салата

Колоритна, сочна и исполнета со свежина. Оваа туна салата ќе ја подготвувате секогаш кога ќе сакате здрав оброк кој заситува, ве полни со енергија и го зајакнува имунитетот.

Туна салата

Состојки

5 поголеми листа марула
1 краставица
1домат или 6-7 чери домати
1 зелена пиперка
2 ротквици
1морков
1младо кромитче
10маслинки
150 граматестенини Zlato Polje
2 конзервиEVA туна во растително масло
1 ќесичкакубети
маслиново масло
балсамико
сол
сенф по вкус
тартар сос по вкус
Туна салата Туна салата

Подготовка

  1. Марулата, краставицата, доматот, зелената пиперка, ротквиците, морковот и кромитчето се мијат, лупат и сецкаат во длабок сад и се зачинуваат со маслиново масло, сол и балсамико.
  2. Во меѓувреме, се варат макароните во веќе зовриена вода со малку сол.
  3. Двете конзерви EVA туна се ставаат во посебен сад откако претходно ќе бидат исцедени од маслото. На туната се додава сенф и тартар сос, по вкус.
  4. Сварените, исцедени и изладени макарони, заедно со туната, се ставаат во веќе подготвената салата и се мешаат додека туната се распредели подеднакво во салатата.
  5. За декорација и посебен вкус се додаваат исецканите маслинки и кубетите.
Туна салата

Рецептот е на Благица Тасеска, која победи во наградниот предизвик на EVA.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9697 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.