Мини корпици со три фила
Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Мини корпици со три фила

Мини корпици со три фила

Започнете ја вашата забава или вечера со впечатливи мали залчиња – мини корпици со различни филови.

Мини корпици со три фила

Состојки за тестото

200 милилитримлеко
1 филџан масло
1јајце
1 лажичкасол
1пресен квасец
брашно по потреба

Подготовка на тестото

Квасецот се остава да стаса со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку вода.

Од квасецот и останатите состојки се меси средно меко тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се растегнува кора дебела околу 5 милиметри. Со чаша се сечат кругови од тестото кои се ставаат во претходно намачкани со маргарин метални корпици или друг облик на калапи.

Фил од пилешко

300 грама пилешко месо (батак или гради) се вари со зачини. Свареното месо се сецка на парчиња, се додава 200 грама сецкан кашкавал, 100 грама сецкани маринирани шампињони, малку кечап, 2 лажици павлака и оригано.

Од филот се става во секоја корпица и се пече.

Само овие корпици се печат заедно со филот. Останатите, се обликуваат во намрсени калапчиња, над тестото се става малку кујнска хартија и неколку зрна грав или ориз да не се подига многу тестото при печењето.

Фил со авокадо

1 авокадо се блендира со малку сок од лимон. Се додава крем сирење 150-200 грама, малку сецкан босилек и црн пипер. Се меша смесата и се полнат испечените корпи. Од горе се става чаден лосос.

Фил со павлака

1 краставица се сече на поситни коцки, се додава дробено или рендано сирење, неколку парчиња сувомеснато (може и без него), сецкани ореви, 2 лажици мајонез, сецкан магдонос и павлака. Се меша сè заедно. Со овој фил се полнат испечени корпици и се украсува со маслинка.

Погодни се зошто првите можат и да се замрзнат со филот, а останатите празни, па по потреба да се полнат со каков било фил или салата.

Рецептот е на форумџиката @anel, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Закуски“.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 22%
  • 45%
  • 33%
Се испраќа...

(Вкупно: 6235 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.