Летен ручек: Салата од бело гравче и ќофтиња со домати
Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Летен ручек: Салата од бело гравче и ќофтиња со домати

Летен ручек: Салата од бело гравче и ќофтиња со домати

Топлите сончеви денови нè асоцираат на полесни оброци кои не бараат премногу состојки и за кратко време се готови за да бидат послужени на трпезата.

Во продолжение ќе најдете одлична идеја за летен ручек без месо, во кој главна улога имаат доматите.

Салата со грав и ќофтиња со домати

Состојки за салатата

1 црпалкаварен бел грав
½печена пиперка
½домат
кромид
лук
сол
бибер
магдонос
масло
маслинки

Подготовка на салатата

  1. Сварете го гравот без зачини.
  2. Во исцедените зрна грав додајте ја печената пиперка исечкана на покрупни парчиња.
  3. Исечкајте го доматот на ситни коцки, а кромидот на тенки месечинки и додајте ги во салатата.
  4. Едно чешне лук истолчете го со сол, бибер и масло. Прелијте ја салата со направениот дресинг и украсете со маслинки и магдонос.
Салата со грав и ќофтиња со домати

Состојки за ќофтињата

1домат
¼главица кромид
1чешне лук
1 супена лажицабрашно
1-2кришки стар леб
сол
бибер
магдонос
1-2 лажичкимасло

Подготовка на ќофтињата

  1. Изберете „помесест“ домат. Од него отстранете ги семките и сочниот дел. Исечкајте го на ситно или испасирајте го на крупно. Важно е да не изгледа како каша, за да може да се чувствуваат мали парчиња при јадењето. Ставете го исечканиот домат во цедалка и оставете го неколку минути.
  2. Исечкајте ги на ситно кромидот, лукот и магдоносот.
  3. Натрошете го лебот.
  4. Измешајте ги сите состојки. Додајте ги брашното и маслото и зачинете со сол и бибер по вкус. „Месете“ како кога приготвувате обични ќофтиња. Регулирајте ја густината на смесата со брашно, стар леб или лебни трошки.
  5. Оставете ја смесата во фрижидер околу половина час за да се соединат состојките.
  6. Премачкајте ги дланките со масло и оформете ги ќофтињата. Од оваа доза излегуваат 4 ќофтиња. Испржете ги во жешко масло.
Салата со грав и ќофтиња со домати

Рецептот е на форумџиката @zhap4e, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Сè од домати“.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 5008 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?