Кога надвор температурите започнуваат да опаѓаат, на трпезите зачестуваат ароматни супи. Дознајте како да приготвите здрава домашна супа од моркови.
Состојки
| 1 | главица кромид |
| 8-10 | моркови |
| 700 мл | вода |
| пченка | |
| сол | |
| бибер | |
| лут буковец | |
| магдонос |
Подготовка
- На ситно исецкајте ги кромидот и морковите. Пропржете ги со бибер и сол, а потоа налејте ја водата.
- Откако ќе се сварат, изблендирајте ги и додајте бибер и лут буковец.
- Вратете ја смесата на рингла уште 3-4 минути и додајте малку пченка.
- Декорирајте со магдонос и парчиња моркови потпечени на скара.
Рецептот е на форумџиката @marama, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Супи/Чорби“.
