• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„The Queen’s Gambit“: Фантастична мини-серија која нема да сакате да заврши

27 ноември 2020, 15:30
  • cподели

„The Queen’s Gambit“ (Дамски гамбит) со молскавична брзина го шармира светот и ги разгоре страстите за шаховски дуели. Популарната мини-серија стана најгледаното лимитирано шоу во историјата на Netflix.

Фантастичната драма го следи животот на Елизабет (Бет) Хармон, која расте како сираче и поседува вонсериски талент за шах, како и нејзиното издигнување во „светот на мажите“.

The Queen’s Gambit

Бет уште од 9-годишна возраст покажува извонреден талент и го започнува своето шаховско патување додека се соочува со зависност од лекови за смирување, а подоцна и од алкохол.

Ања Тејлор-Џој на идеален начин ја портретира Бет и заслужено придоби море од пофалби за својата глума.

Актуелната серија има само 7 епизоди и се гледа буквално во еден викенд, или можеби во еден ден.

The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit

„The Queen’s Gambit“ е адаптација на истоимениот роман на Волтер Тевис од 1983 година. Во првите 28 дена, серијата имаше 62 милиони прегледи, а ги одушеви и врвните шахисти, бидејќи сите потези се логични и внимателно обмислени. Имено, во креирањето на дуелите, биле консултирани реномирани експерти како Гари Каспаров.

The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit

Трејлер:

Tags
The Queen’s Gambit
Ања Тејлор-Џој

Најнови

  • Reality Check со Ели Пешева

    Каде ни бега фокусот? Ели Пешева за расејувањето и менталната „магла“ во „Reality Check“

    Wed, 12/24/2025 - 17:00
  • Градоначалникот на Бања Лука ги забранува настапите на Десингерица откако тој избричи момче на негов концерт

    Wed, 12/24/2025 - 13:51
  • dm подароци за Нова година

    Едноставен водич за last minute подароци: како да го изберете совршениот подарок од dm?

    Wed, 12/24/2025 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.