People: Џенифер Лопез е најубава личност за 2011
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Џенифер Лопез е најубава личност за 2011

People: Џенифер Лопез е најубава личност за 2011

Џенифер ЛопезЏенифер Лопез на насловната на People

Популарното списание People го објави своето годишно издание посветено на најубавите славни личности на светот. Оваа година честа да биде на корицата ѝ припадна на латино убавицата Џенифер Лопез.

Не е тешко да се претпостави зошто токму Џеј Ло ја доби посакуваната титула. Таа изгледа прекрасно и ретко кој би кажал дека динамичната Џенифер има 41 година. Во моментов таа има неколку актуелни хитови, меѓу кои и денс хитот „On the Floor“ и е член на жирито на шоуто „American Idol“.

Гламурозната пејачка секогаш изгледа совршено, но признава дека најдобро се чувствува без шминка кога е со своето семејство.

„Тогаш сум најсреќна, затоа што можам да си го допрам лицето, да си ги истријам очите и да ги пикнам прстите во мојата коса без да се грижам дали ќе уништам нешто“ – изјавила Џенифер ексклузивно за People.

На овогодишната листа свое место добија и многу други убавици како Менди Мур, Џесика Симпсон, Рис Витерспун, Џенифер Хадсон, Сандра Булок, Мила Кунис, Џенифер Лоренс, Ева Лонгорија, Џесика Алба, Бијонсе и згодни мажи како Рајан Рејнолдс, Зак Ефрон, Џорџ Клуни, Џон Хем, Мет Дејмонд и многу други.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4122 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?