Forbes: Џенифер Лопез е најмоќната славна личност
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Џенифер Лопез е најмоќната славна личност

Forbes: Џенифер Лопез е најмоќната славна личност

Џенифер Лопез ѝ ја одзеде титулата на Лејди Гага и стана „Најмоќната славна личност на светот“. Со заработени 52 милиони долари во изминативе 12 месеци и големо присуство во медиумите, Џеј Ло се искачи на првото место на листата „Celebrity 100“.

Џенифер Лопез

Воопшто не е чудно што Џенифер Лопез е на врвот. Пред неколку години изгледаше како 42-годишната пејачка и актерка да е на крајот на својата кариера, но откако си обезбеди место во жирито на „American Idol“, таа доби одлична шанса да се промовира себеси, својата музика, своите парфеми, линијата облека...

На второто место на листата е кој друг ако не Опра. Иако нејзината нова телевизија OWN е во голема криза и работи со загуба, сепак Опра Винфри успева да заработи најмногу од сите славни фаци. Само во изминативе 12 месеци таа заработила 165 милиони долари.

Опра

Верувале или не, Џастин Бибер е на третото место. Мегапопуларниот тинејџер во изминативе година дена заработил 55 милиони долари.

Џастин Бибер

Ријана е на четвртото место на листата со заработени 53 милиони долари. Лејди Гага, која минатата година беше на првото место со 90 милиони долари, сега го има петтото место со заработка од 52 милиони долари.

Ријана

Бритни Спирс исто така успеа да влезе во првите 10, благодарение на големата турнеја низ светот и заработката од 58 милиони долари. Седмото место ѝ припадна на Ким Кардашијан која го зголемила своето богатство со 18 милиони долари.

10-те најмоќни славни личности

  1. Џенифер Лопез – 52 милиони долари
  2. Опра Винфри – 165 милиони долари
  3. Џастин Бибер – 55 милиони долари
  4. Ријана – 53 милиони долари
  5. Лејди Гага – 52 милиони долари
  6. Бритни Спирс – 58 милиони долари
  7. Ким Кардашијан – 18 милиони долари
  8. Кети Пери – 45 милиони долари
  9. Том Круз – 75 милиони долари
  10. Стивен Спилберг – 130 милиони долари

На листата се најдоа и Тејлор Свифт (11. место со 57 милиони долари), Анџелина Џоли (13. место со 20 милиони долари), Бијонсе (16. место со 40 милиони долари), Џенифер Анистон (22. место со 11 милиони долари), Адел (24. место со 35 милиони долари), Бред Пит (28. место со 25 милиони долари) и Адријана Лима (100. место со 7 милиони долари). Можете да ја погледнете целосната листа тука.

При формирањето на листата се зема во предвид не само заработката што личноста ја остварила во периодот од 1 мај 2011 до 1 мај 2012, туку и присуството во медиумите и популарноста на друштвените мрежи.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 45%
  • 34%
Се испраќа...

(Вкупно: 8168 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.