Forbes: Жените доминираат меѓу 10-те најмоќни славни личности
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Жените доминираат меѓу 10-те најмоќни славни личности

Forbes: Жените доминираат меѓу 10-те најмоќни славни личности

Жените, исто како и лани, доминираат на челните позиции на новата листа на списанието Forbes, која ги рангира најмоќните славни личности на светот. Шест жени и четворица мажи влегоа во топ 10.

При формирањето на листата се зема предвид не само заработката на ѕвездите во изминатите година дена, туку и присуството во медиумите и популарноста на друштвените мрежи.

Откако две години го добиваше второто место, Опра Винфри се врати на врвот. 59-годишната бизнис дама и сопственичка на телевизијата OWN по петти пат ја добива титулата Најмоќна славна личност. Во периодот од јуни 2012 до јуни 2013, таа заработила 77 милиони долари, односно 88 милиони помалку од претходната година.

Опра

„Нема никој друг со таква постојаност и моќ. Само три лица биле на секоја наша листа од 1999 година наваму. Тоа се Опра, Хауард Стерн и Стивен Спилберг“ – изјавила Дороти Померанц од Forbes.

На второто место застана Лејди Гага, која во 2011 година беше на чело на листата. И покрај тоа што беше принудена да ја прекине турнејата поради операција на колкот, Гага заработила 80 милиони долари.

Лејди Гага

Благодарение на успехот кој го постигна со филмот „Lincoln“, Стивен Спилберг се искачи на третото место со заработка од 100 милиони долари.

Стивен Спилберг

Бијонсе го присвои четвртото место. Светската турнеја и соработките со Pepsi и H&M придонесоа таа да заработи вкупно 53 милиони долари.

Бијонсе

Петта на листата е Мадона. 54-годишната пејачка остварила најголема заработка од сите ѕвезди – вкупно 125 милиони долари.

Мадона

Топ 10 Најмоќни славни личности

  1. Опра Винфри – 77 милиони долари
  2. Лејди Гага – 80 милиони долари
  3. Стивен Спилберг – 100 милиони долари
  4. Бијонсе – 53 милиони долари
  5. Мадона – 125 милиони долари
  6. Тејлор Свифт – 55 милиони долари
  7. Бон Џови – 79 милиони долари
  8. Роџер Федерер – 71 милиони долари
  9. Џастин Бибер – 58 милиони долари
  10. Елен Деџенерис – 56 милиони долари

Џенифер Лопез, која минатата година беше на прво место, сега го доби 12. место, а веднаш зад неа се наоѓа Ријана. Кети Пери е на 18. место, Дејвид Бекам на 19. место, Леонардо Дикаприо на 21. место, Том Круз на 27. место, Кристијано Роналдо на 31. место, Бен Афлек на 36. место, Анџелина Џоли на 41. место, додека последното место на листата Топ 100 ѝ припадна на Миранда Кер.

Можете да ја погледнете целосната листа тука.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.