Forbes: Бијонсе е најмоќната славна личност за 2014 година
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Бијонсе е најмоќната славна личност за 2014 година

Forbes: Бијонсе е најмоќната славна личност за 2014 година

Исто како лани, и годинава жена се искачи на врвот на листата „100 најмоќни славни личности“, составена од Forbes.

Со заработка од неверојатни 115 милиони долари во периодот од 1 јуни 2013 до 1 јуни 2014 година, Бијонсе заслужено ја освои титулата Највлијателна славна личност. 32-годишната пејачка стигна на врвот пред сè благодарение на големата турнеја „Mrs. Carter Show“ и успешниот албум „Beyoncé“, но и како резултат на соработката со компании како „H&M“ и „Pepsi“.

Бијонсе

Второто место му припадна на кошаркарот Леброн Џејмс, кој заработил 72 милиони долари. Освен од договорот со Miami Heat, Џејмс заработува и од рекламирањето на компании како „Coca-Cola“ и „McDonald’s“.

На третото место застана Др. Дре, кој за само една година заработил астрономска сума од 620 милиони долари.

Иако заработила 5 милиони долари повеќе од лани, минатогодишната носителка на титулата „највлијателна славна личност“ Опра Винфри сега се најде на четвртото место.

Забавната ТВ водителка Елен Деџенерис со заработени 70 милиони долари го доби петтото место.

Елен Деџенерис

За разлика од претходните две години, кога жените доминираа на првите десет позиции, челните места на овогодишната листа се поделени еднакво меѓу мажите и жените. При формирањето на листата покрај заработката на ѕвездите, се зема предвид и присуството во медиумите и популарноста на друштвените мрежи.

Топ 10 Најмоќни славни личности

  1. Бијонсе – 115 милиони долари
  2. Леброн Џејмс – 72 милиони долари
  3. Др. Дре – 620 милиони долари
  4. Опра Винфри – 82 милиони долари
  5. Елен Деџенерис – 70 милиони долари
  6. Џеј Зи – 60 милиони долари
  7. Флојд Мејведер Џуниор – 105 милиони долари
  8. Ријана – 48 милиони долари
  9. Кети Пери – 40 милиони долари
  10. Роберт Дауни Џуниор – 75 милиони долари
Целосната листа можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6267 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.