Billboard: Адел е најдобриот музички изведувач за 2016
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Billboard: Адел е најдобриот музички изведувач за 2016

Billboard: Адел е најдобриот музички изведувач за 2016

„Billboard“ ја прогласи Адел за најдобар музички изведувач за 2016 година. 28-годишната Британка по трет пат го доби признанието од познатото музичко списание.

Адел

Годината која изминува беше мега-успешна за Адел. Музичката ѕвезда го издаде својот трет судиски албум „25“, кој има рекордна продажба од над 9 милиони примероци ширум светот.

Нејзиниот хит „Hello“ десет недели беше на врвот на листата Billboard’s Hot 100.

И во 2011 и 2012 година Адел беше прогласена за најдобар изведувач од „Billboard“.

Потсетете се на едни од најдобрите песни од нејзиниот најнов албум „25“:

Hello

When We Were Young

Send My Love (To Your New Lover)

Water Under The Bridge

Топ 10 музички изведувачи

  1. Адел
  2. Џастин Бибер
  3. Дрејк
  4. Бијонсе
  5. Twenty One Pilots
  6. Ријана
  7. Аријана Гранде
  8. The Weeknd
  9. Coldplay
  10. Шон Мендез

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.