44-годишната Натали Имбрулија е бремена со првото дете зачнато со ин витро и донор на сперма
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 44-годишната Натали Имбрулија е бремена со првото дете зачнато со ин витро и донор на сперма

44-годишната Натали Имбрулија е бремена со првото дете зачнато со ин витро и донор на сперма

Натали Имбрулија ќе стане мајка. 44-годишната пејачка, која е позната по хитот „Torn“, сподели дека е бремена со првото дете зачнато со помош на ин витро и донор на сперма.

Познатата музичарка, која е сингл, објави фотографија од трудничкото стомаче и напиша: „Не, немам проголтано лубеница. Го очекувам моето прво дете оваа есен. За тие кои ме познаваат, ова е нешто што го посакував долго време и благословена сум што ова е возможно со помош на ин витро и донор на сперма. Нема да зборувам јавно ништо повеќе за тоа. Возбудена сум за авантурата која следува.“

Натали Имбрулија

Натали пет години беше во брак со Даниел Џонс, од кого се разведе во 2008 година. Тие немаа заедничко дете, па оваа година Имбрулија одлучи сама да си ја исполни желбата да стане мајка.

Натали Имбрулија

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2420 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?