29 години од раѓањето на Тоше Проески
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 29 години од раѓањето на Тоше Проески

29 години од раѓањето на Тоше Проески

Денес изминуваат 29 години од раѓањето на неоспорливо најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Денес, обожавателите и членовите на меѓународниот Тоше фан-клуб форум ќе му подарат телескоп на семејството на Тоше. По своја иницијатива членовите собрале средства за купувањето на телескопот, кој ќе биде поставен во дворот на манастирот „Свето Преображение“, за секој да може да ја види ѕвездата која го носи името на легендарниот Тоше Проески.

По повод неговиот роденден вчера беше одржан голем хуманитарен концерт, каде што во негово име настапија многу балкански ѕвезди од шоу-бизнисот.

Не веруваме дека сè уште има некој кој не ги видел новите спотови на песните „Још увјек сањам да смо заједно“, „Guilty“ и „Forever in A Day“, но еве уште една шанса да уживате во музиката на Тоше Проески.

„Још увјек сањам да смо заједно“ – Тоше Проески

„Guilty“ – Тоше Проески

„Forever in A Day“ – Тоше Проески

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3284 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“