18 години во брак: Дејвид и Викторија Бекам си ја честитаа годишнината со стари фотографии
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 18 години во брак: Дејвид и Викторија Бекам си ја честитаа годишнината со стари фотографии

18 години во брак: Дејвид и Викторија Бекам си ја честитаа годишнината со стари фотографии

Дејвид и Викторија Бекам пред 18 години ја крунисаа својата љубов со брак. За да ја одбележат годишнината од свадбата, поранешниот фудбалер и познатата дизајнерка споделија стари фотографии и кратки љубовни пораки.

42-годишната фудбалска ѕвезда се пошегува за стилскиот избор на парот од минатото, а потоа ѝ ја честита годишнината на саканата сопруга. „Wow навистина го направивме ова. Среќна годишнина на прекрасна сопруга, мајка и силна бизнис жена“ - напиша тој.

Викторија објави фотографија од нивната свадба. „Те сакам. Бакнежи“ - стои во нејзиниот опис.

I love you Kisses x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

И нивниот син Круз сподели фотографија од свадбата со пораката: „Мајка и татко од соништата, не можам да поверувам дека изминаа 18 години, па честита годишнина. Ве сакам многу и сакам да знаете дека сте најдобрите родители на светот“.

Викторија на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии од нивната прослава, односно од појадокот организиран од нивните деца и романтична вечера покрај оган.

Дејвид и Викторија Дејвид и Викторија Дејвид и Викторија Дејвид и Викторија

Љубовната приказна на Дејвид и Викторија започна во 1997 година, кога Викторија беше дел од Spice Girls. Нивната врска веднаш привлече огромно медиумско внимание. На 4 јули 1999 година, четири месеци по раѓањето на нивниот прв син, тие направија луксузна свадба во Ирска. парот има 4 деца.

Дејвид и Викторија

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3857 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.