Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „10 години радост“: Новак Ѓоковиќ со романтична поема за Јелена за 10-годишнината од бракот

„10 години радост“: Новак Ѓоковиќ со романтична поема за Јелена за 10-годишнината од бракот

Новак и Јелена Ѓоковиќ денес слават една деценија во брак. Српскиот пар ја одбележа 10-годишнината од свадбата, кога се заколна на вечна љубов на бајковитиот остров Свети Стефан во Црна Гора.

37-годишниот тенисер ѝ посвети поема на својата избраничка, со која има две деца.

Ѓоковиќ

Тој објави компилација со романтични снимки со Јелена и во описот напиша:

Десет години љубов,
Десет години соништа,
Десет години како острови,
Десет години како потоци.

Десет години како родители,
Десет години како едно,
Десет години танцување,
Десет години забава.

Десет години јога,
Десет години протегање,
Десет години со кучиња,
Десет години од игри со нив.

Десет години летање,
Десет години на море,
Десет години со тебе,
Најдобриот дел од мене.

Десет години тенис,
Десет години топки,
Десет години триумфи,
Десет години падови.

Десет години како соиграчи,
Десет години заедно,
Десет години Јелена,
Те сакам засекогаш.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Новак и Јелена се родители на 9-годишниот Стефан и 6-годишната Тара.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20056 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.