Џорџина Родригез сподели фотографии од роденденската прослава со Кристијано Роналдо и четирите деца
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џорџина Родригез сподели фотографии од роденденската прослава со Кристијано Роналдо и четирите деца

Џорџина Родригез сподели фотографии од роденденската прослава со Кристијано Роналдо и четирите деца

Џорџина Родригез имаше мала интимна прослава за својот 26. роденден. Атрактивниот модел ги дувна свеќичките на роденденската торта и славеше заедно со Кристијано Роналдо и нивните четири деца.

Џорџина сподели фотографии на Instagram, но големо внимание привлече тоа што во пораката која ја напиша, го нарече Роналдо нејзин сопруг.

„Среќен 26 роденден за мене, многу среќен. Не можам да барам повеќе од животот. Само многу здравје за моето семејство и за мене и да можам секогаш да уживам со нив. Ви благодарам на сите за честитките, цвеќињата и за љубовта. И благодарам на мојот сопруг што ми го даде најдоброто во животот, нашите деца. Те сакам“ – стои во нејзиниот опис.

Кристијано и Џорџина се заедно од 2016 година, но досега немаат откриено дали се во брак.

Џорџина Родригез роденден Џорџина Родригез роденден
Џорџина Родригез роденден Џорџина Родригез роденден Џорџина Родригез роденден Џорџина Родригез роденден

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3424 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.