Џон Траволта со тешко срце сподели дека сопругата Кели Престон ја изгуби битката со рак на дојка на 57 години
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џон Траволта со тешко срце сподели дека сопругата Кели Престон ја изгуби битката со рак на дојка на 57 години

Џон Траволта со тешко срце сподели дека сопругата Кели Престон ја изгуби битката со рак на дојка на 57 години

Џон Траволта ја соопшти жалната вест дека неговата сопруга Кели Престон ја изгуби битката со рак на дојка.

Поранешната актерка и модел почина на 57-годишна возраст. Заедно со Џон имаат три деца, 20-годишната ќерка Ела, 9-годишниот син Бенџамин и уште еден син Џет кој почина во 2009 година на 16 години.

Кели Престон

На Instagram, Траволта напиша:

Кели Престон

Со тешко срце ве информирам дека мојата убава жена Кели ја изгуби битката со рак на дојка. Таа водеше храбра борба со помош на љубовта и поддршката на многумина. Јас и моето семејство засекогаш ќе им бидеме благодарни на докторите и медицинските сестри во „MD Anderson Cancer Center“, на сите медицински центри кои помогнаа, како и на многуте пријатели и сакани личности кои беа покрај неа. Љубовта и животот на Кели секогаш ќе бидат запаметени. Ќе одделам некое време за да бидам покрај моите деца кои ја изгубија мајка си, па однапред барам опростување ако некое време не нè слушнете. Ве молам знајте дека јас ќе ја чувствувам вашата огромна љубов во неделите и месеците кои претстојат додека да закрепнеме

Со сета моја љубов,

ЏТ

И нивната ќерка Ела на Instagram напиша емотивна порака за мајка си:

Кели Престон

Никогаш не сум сретнала некој толку смел, силен, прекрасен и грижлив како тебе. Секој кој е доволно среќен да те познава или барем бил во твое присуство ќе се согласи дека имаш сјај и светлина која никогаш не престануваат да сјаат и да прават секој околу тебе инстантно да се чувствува среќен. Ти благодарам што секогаш беше покрај мене. Ти благодарам за твојата љубов. Ти благодарам за помошта и ти благодарам што го направи овој свет подобро место за живеење. Го направи животот убав и знам дека ќе продолжиш да го правиш засекогаш. Те сакам многу Мама.

Кели почина утрото на 12 јули по двегодишна битка со ракот.

Со Џон беа во брак 19 години.

Кели Престон Кели Престон Кели Престон

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6377 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.