Џон Леџенд и Криси Тиген објавија дека ќе имаат дете
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џон Леџенд и Криси Тиген објавија дека ќе имаат дете

Џон Леџенд и Криси Тиген објавија дека ќе имаат дете

Џон Леџенд и Криси Тиген ќе станат родители. Популарниот пар објави дека го очекува своето прво дете.

„Како што многумина од вас знаат, извесно време се обидувавме да имаме бебе. Не беше лесно, но продолжувавме да се обидуваме, бидејќи едвај чекаме да го донесеме нашето прво дете на овој свет и да го прошириме нашето семејство. Пресреќни сме што конeчно се случува тоа“ – пишува во порака на Тиген на Instagram.

Џон Леџенд и Криси Тиген

Пред само неколку недели 29-годишниот модел сподели дека подолг период се обидувале да имаат дете и дека многу нивни блиски знаеле за нивните проблеми. Таа упати барање до сите оние кои љубопитно прашуваат „Кога дете?“ да се воздржат од такви прашања, бидејќи им предизвикуваат болка на оние парови кои се соочуваат со неплодност.

Џон Леџенд и Криси Тиген

По 4-годишна врска, Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.

Џон Леџенд и Криси Тиген

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.