Џенифер Лопез, Криси Тиген, Мишел Обама, Џулија Робертс... Славните го одбележаа Денот на мајката
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез, Криси Тиген, Мишел Обама, Џулија Робертс... Славните го одбележаа Денот на мајката

Џенифер Лопез, Криси Тиген, Мишел Обама, Џулија Робертс... Славните го одбележаа Денот на мајката

Вчера во САД се одбележуваше Денот на мајката.

По тој повод, бројни славни личности објавија на социјалните мрежи фотографии и видеа со кои им се заблагодарија на своите мајки и/или сопруги за несебичноста, безусловната љубов и бескрајната грижа.

Меган Маркл и принцот Хари

Војвотката Меган и принцот Хари споделија фотографија од малите стапала на бебето Арчи.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Џенифер Лопез сподели видео од кадри во кои зборува за мајка си.

Во видео снимено по повод Денот на мајката, Алекс им го честиташе празникот на сите мајки.

Џесика Алба

„Ова е мојот свет. Моето срце се отвори во моментот кога станав мајка пред речиси 11 години. Станав мека, ранлива, отворена жена – потполно ми е удобно во сопствената кожа знаејќи дека сум далеку од совршена, но дека секогаш се трудам да бидам најдобра – моите деца се мој број 1. Не постои поголем подарок во мојот живот од оној што сум нивна Мама. Хаотично е, неуредно, забавно, удобно, топло, радосно, фрустрирачко, возбудливо и сè помеѓу тоа“ – напиша Алба и сподели албум со видеа и фотографии со децата.

Мишел и Барак Обама

Поранешниот претседател на САД сподели фотографија од сопругата Мишел со двете ќерки за да ѝ го честита Денот на мајката.

Мишел пак, објави фотографија на која позира со мајка си и двете ќерки.

Џулија Робертс

Славната актерка сподели фотографија од мајка си Бети, која докажува дека „крушата под круша паѓа“.

Шакира

Криси Тиген и Џон Леџенд

„Најдоброто нешто што некогаш сум го направила се моите бебиња. Ви благодарам што ме направивте мама и што ми го променивте животот засекогаш“ – напиша Криси во описот на фотографија на која позира гола со трудничко стомаче.

Нејзиниот сопруг Џон сподели видео и на Instagram ѝ се заблагодари што постои во неговиот живот.

„Среќен ден на мајката на мојата Кралица! Луна, Мајлс и јас те сакаме најмногу и секој ден сме многу благодарни што те имаме “ – напиша тој.

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

38-годишниот пејач сподели две фотографии за да им го честита празникот на мајка си Лин и на сопругата Џесика Бил.

Серена Вилијамс

37-годишната тенисерка објави семејна фотографија со сопругот Алексис и ќеркичката.

Викторија Бекам

Жизел Бундшен

„Моите деца ми го проширија срцето на многу начини. Му дадоа ново значење на мојот живот. Преку нив, јас ја искусив најдлабоката и најчистата љубов. Секој ден, со нив учам многу нешта и тие ме инспирираат да бидам најдобра што можам. Тие навистина се најскапоцените подароци! Благодарна сум што ме избраа за нивна мајка“ – напиша Жизел.

Мадона

Мадона сподели две фотографии и две видеа со децата.

Ким Кардашијан

„На најдобрата мајка на целиот свет ѝ посакувам Среќен Ден на мајката! Ти благодарам што си најдобрата инспирација за сите твои деца и што нè научи да работиме многу и да сакаме уште повеќе! Те сакам многу“ – ѝ напиша Ким на мајка си Крис Џенер.

Крис Џенер

Крис сподели колаж од фотографии од мајка си и од своите ќерки, кои имаат нивни деца, за да им го честита овој специјален ден.

Лупита Нионго

Мараја Кери

Хајди Клум

Рис Витерспун

Вин Дизел

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6474 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.